Емотивната порака на синот на покојниот пејач Пепи Бафтировски што ќе ви го стопи срцето (фото)
Неколку реченици што синот на пејачот Пепи Бафтировски ги има напишано за својата постара сестра
Пепи Бафтировски беше еден од најталентираните македонски фолк-пејачи, а почина по кратко боледување, во април 2008 година.
Пепи тогаш имаше 66 години, а почина по пет години откако повторно со семејството се врати во Америка.
Неговиот гроб денес се наоѓа на гробиштата во Чикаго, а почина по кратко боледување од рак на белите дробови.
Принтскрин/ Јутјуб
По неговата смрт во Америка останаа да живеат неговите две деца што ги имаше од бракот со пејачката Ава Керш.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Тие и двајцата се успешни и остварени луѓе.
Неговата ќерка Марина е омажена и има три деца, а синот Емил работи како доктор и според многумина многу личи на Пепи од помладите денови, кога пејачот бил на врвот од својата кариера.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Кога Пепи почина, тие останаа да живеат со нивната мајка во Америка, каде Емил заврши медицинско училиште.
„Те сакам Маринче“
Пред неколку години Емил напиша порака на Фејсбук за неговата сестра која се уште стои и која открива какви биле тие како деца.
Фото: Фејсбук/ Емил Бафтировски
Под пораката се има огласено и Ава, нивната мајка, како и самата сестра, па прочитајте ги истите во продолжение:
„Преминувајќи од постара сестра која се грижеше за мене додека јас бев мало дете, па се до сега кога е неверојатна мајка, навистина беше благослов да се набљудува како таа порасна во жена каква што е денес. Таа ми даваше бескрајна поддршка за моите аспирации да станам лекар и никогаш нема да можам доволно да и се заблагодарам за тоа. Голем дел од тоа што сум денес е резултат на проникливите совети и мотивацијата што таа ми ги даваше низ годините. Да имаш некој што те тера да го реализираш својот потенцијал, некој што те турка кон своите достигнувања, и тоа толку време се случува што токму таа беше личноста што најмногу ми помогна во тоа“.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
„Среќен ден на браќата и сестрите“, напиша Емил, а потоа го додаде и следново: „Те сакам, Маринче“.
По ова следуваше одговор од неговата сестра во коментарите, во кој таа го напиша следново:
„Ти си најслаткиот.. и ти тоа го правеше истото за мене. Пресреќна сум што те имам како брат. Отсекогаш сум била.. Дури и во времињата кога твојата силна одлучност го покажува своето лице почнувајќи од две години (насмевка). Најмногу ме прави горда тоа како се справуваш со себеси и како излегуваш од животните предизвици. Не менувај ништо кај тебе.. освен почести текстуални пораки за твојата сестра за време на финалето! Те сакам најмногу. Продолжи со силната работа“, му одговори сестрата, додека нивната мајка само кратко напиша.
„Можам само да кажам.. дека ова е толку емотивно!“, коментираше нивната мајка под објавата што се уште стои на Фејсбук.