Реклама
Вирално

Емотивен статус на една Македонка за првиот школски ден на првачињата

Реклама

Емотивен статус на кој случајно налетавме на Фејсбук и кој сакавме да го споделиме со вас

Дете мое, не ми е важно дали ќе научиш да множиш и делиш, дали ќе си подобар по математика од синот на комшивката! Не ми е важно дали твоите учители ќе бидат горди за освоени први места по натпревари со тебе, додека ти не знаеш да дадеш лист од средина на другарчето што заборавило да донесе тетратка.

Маркетинг

Не ми е важно дали ќе добиеш петка по англиски, албански, турски или македонски ако ти не научиш да најдеш заеднички јазик со другите дечиња.

Не ми е важно дали ќе бидеш добар фудбалер ако не знаеш да клекнеш и да му врзуваш патики на брат ти или на некое друго дете што е помало од тебе.

Маркетинг

Не ми е важно дали ќе научиш да пееш, до срцето на другите се стигнува и со насмевка. Не ми е важно колку петки ќе донесеш, туку колку пријателства ќе сочуваш во следниве 20-30 години!

А сликава подолу нека биде најголема лекција за тебе, кога ќе ти текне да ми кажеш дека згреши што не купи ташна Star Wars.

Знам дека си мало, ама ќе пораснеш додека да трепнам, а тогаш ќе е касно да ја стекне најважната особина , а тоа е ЕМПАТИЈА.

Нека ти е среќен првиот школски ден

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button