Реклама
Вирално

Емотивен статус на анестезиолог што работи кај Жан Митрев за ШOKAНТНАТА вест што го запрепасти целиот Балкан

Реклама

Секој треба да има прво на свое мислење. И никој, ама баш никој, не би требало да има ништо против тоа, но дали е така во вистинскиот живот?!

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Токму затоа и решивме да го пренесеме овој коментар на кој случајно налетавме на социјалните мрежи, а се однесува на она што деновиве се случува во врска со Жан Митрев и клиничката болница што го носи неговото име

Истиот е напишан од лице кое долги години работи кај него, речиси од самиот почеток, а решивме да го споделиме за да ја доловиме, барем малку, и другата страна во оваа мрачна приказна што како бомба одекна во нашата јавност. Но за фамозниот документарец што деновиве се појави нема да коментираме, на сите им е многу добро познат, како пто нема да го коментираме и овој статус.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Само ќе напоменеме дека познаваме многу луѓе кои работат во оваа болница и за нив имаме најубаво мислење. Тие се вистински професионалци кои максимално се посветени на своите работни обврски. И ја сакаат својата работа, па дури и за време на корона кризата кога на многумина од нив воопшто не им беше лесно. Имаме искуство и со блиски кои се лечеле во ова институција, и можеме да кажеме само убави зборови за болницата, и тоа е НАШЕ мислење. А како што рековме, секој има право на свое мислење, нели?

Фото: Принтскрин

Но тука ќе застанеме, повеќе нема да навлегуваме во детали, можеби во некоја друга прилика…

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

И да, ова не е реклама, туку само обид да се слушне и другара страна, онаа за која сметаме дека многумина би сакале да ја слушнат.

А еве и како „тоа“ звучи:

Драги мои пријатели,

Го гледам вашиот број во мојот профил- преку илјада. Некои од вас се мои соученици од основното или средното училиште, други се мои колеги од факултет, трети се мои поблиски или подалечни роднини или соседи. Дел од вас ве знам само виртуелно, од фејсбук, но веројатно и вие сте пријатели на некои мои пријатели и затоа сум прифатила да бидете и мои.

Вообичаено на фејсбук постирам фотографии, вицеви или мелодии кои ми се допаѓаат. Јас фејсбук така и го разбирам – како платформа за дружење со пријателите.

Но човек во ова бурно време, не секогаш може да остане настрана од настаните кои нè опкружуваат. Затоа, многу ретко, постирам некоја статија која не ми се допаднала и на која имам некаков мој коментар.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Последниов месец сите сме сведоци на хајката што се води со многу нечесни инструменти против болницата во која работам. Најпрвин решив да молчам и воопшто да не коментирам ништо околу пишувањата по порталите. Сметав дека не треба да се објаснувам со луѓе кои не се компетентни и кои не ја разбираат проблематиката која ја работиме во нашата болница и мојот ѕид на фејсбук да го претворам во бојно поле на кое ќе се кршат копја од сите страни.

Ги читав коментарите по порталите, ги читав вашите коментари на вашите профили, гледав како се обидувавте да судите за работи кои воопшто не ги разбирате, а се обидувате да ги коментирате и објаснувате. Гледав и се чудев – од каде толку бес во вас?

Мојот работен стаж не е мал – полни 34 години. Работев во Ресен во Здравствениот дом, во Воена Болница, во Филип Втори , во Ремедика и сега во Жан Митрев Клиник.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Оние кои ме познаваат знаат дека сум чесна, вистинољубива, праведна и секогаш спремна да помогнам на секој кој е во невоља. Бројката на мои пациенти не е мала – на некои сум давала анестезија, други сум лекувала во Одделите за интeнзивно лекyвање во болниците во кои сум работела, на трети сум им дала некаков здравствен совет кој им бил потребен во некој момент од животот.

Во Филип Втори научив што е медицина – и како се практикува. Искуството што таму го стекнав во тоа време немаше никаде да го стекнам на друго место во нашата држава. Имаше апаратури и лекови за кои до тогаш не бевме чуле во Македонија, а не пак да сме ги користеле некогаш. На тој оддел работеа најискусните, најобразованите медицински сестри од тогашната Воена болница. Сите бевме големи ентузијасти, работевме и останувавме и по работното време додека не се завршеа обврските. И сите учевме како се практикува современа медицина во наши услови.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Но, како и секогаш, во нашата земја кога започнува некоја успешна приказна спремни сме како народ да сториме сè за да ја уништиме.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Ние работевме во склоп на Воена болница, имавме некој буџет на средства со кои се купуваа материјали за работа, но материјалите се трошеа и требаше да се набават нови… Nаправивме 50 операции, а само ние знаеме за колку од нив фондот ни рефундираше средства. Затоа, нашата цел беше да ја запознаеме јавноста за нашата болница, односно што всушност работиме и што сме сработиле во изминатиот период, нешто што во голема мера вроди со плод – нашиот труд и сработеното беа признаени и работите тргнаа во нагорна линија.

Филип Втори се приватизира февруари 2002. Дел од персоналот беше соочен со дилемата – да остане или да замине од болницата. Мојата девиза во животот е – кој ризикува- тој добива. Кога ставив на вагата што ќе изгубам, а што ќе добијам ако заминам – решив да останам – и никогаш не се покајав за одлуката што ја донесов.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Голем дел од коментарите во јавноста се: ,,..му дадоа инвестиција од 28 милиони марки и тој ја приватизира. Тој (др. Митрев) немаше да ја приватизира, ако некој не ја потпишеше таа приватизација”. Приватизацијата не беше насилен акт.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Приватизацијата ја дозволи власта. Зошто тогаш толку бес кон др. Митрев? По приватизацијата Филип Втори ја зеде судбината во свои раце. Колку работевме – толку заработувавме, а др. Митрев беше (и се уште е) вистински лидер кој нè водеше напред. Благодарение на посветеноста во работата, умешноста во раководењето и ангажманот на сите вработени ја создаде state-of-art болницата која ја поседува – Жан Митрев Клиник – најмодерна во нашата држава. А кредитите се уште се отплаќаат…

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Во нашата држава има многу примери во кои децата го наследиле имотот на родителите, па го раскрчмиле и останале без ништо.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Многу жолч се истури врз нас околу парите кои секоја година ни ги префрла фондот, пари кои ние сме ги заработиле врз база на сработеното во текот на годината, не ни се подарени.

Ние имаме и приватни операции и пациенти од соседните земји, а тоа ни ја зголемува бројката на извршени операции во болницата. Во текот на денот завршуваме и по 15 опеpaции, што не е за потценување.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Во емисијата на ИРЛ несреќно беше спомнат зборот ЕКСПЕРИМЕНТ. Бидејќи нашиот народ е експерт за секоја проблематика веднаш се расплетоа приказни за експериментални опepaции, вадење и кpиyмчарење на opгани, експерименти врз пациенти. Па се постави и прашањето за етичноста во примената на фамозната хeмофилтpaција и непостоењето согласност за правење на експерименти од самите пациенти.

Ние вработените во болницата бевме збунети и во чудо за што зборува неукиот народ.

Сега кога буката малку се стиша излезе дека xeмофилтрацијата и не експериментален метод, туку широко употребувам метод во Единиците за Интензивно лeкување во светот долги години наназад. Моите колеги анecтезиолози се едукатори во регионот за xeмофилтрација со завршени едукации и сертификати.
И експериментите не биле експерименти – зашто ние сме решиле податоците да ги обработиме месеци подоцна од лекувањето на пациентите, за да видиме каков ефект имал методот и дали можеме да донесеме некаков заклучок од примената.

Имавте среќа што не ја видовте атмосферата во која работевме во болницата во корона кризата, особено во вториот бран од пандемијата. Мобилизиран беше целиот персонал, се работеше до паѓање од умор, лузните на носот од маските зараснаа, ама лузните во душата не… За сите емоции кои ги доживеавме, за сите солзи што се лизгаа низ образите додека губевме некој пациент и покрај сиот наш ангажман. А болни имаше многу…се чекаше кревет повеќе. Имаше страшен притисок врз нас – ,,примете го само, ако треба и во ходник нека е”…

Во нашата болница доаѓаа луѓе од целата држава , многу често во многу тешка здравствена coстојба, пред yмирање. Се носеа пациенти со сатyрација 40 и помалку кои ги потрошиле сите компензаторни механизми и од нас се очекуваше чудо – да ги излекуваме со волшебно стапче!

Мојата аситентка Роза Башевска велеше: ,, Ние лечиме, ама живот не даваме”… Ја немавме таа моќ, за жал…

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Во последниот месец што се не прочитавме по порталите. Бoмбастични наслови, низа невистини.

Денес читам-Др. Митрев се криел во подрумот на зградата во која живеел и од таму е однесен да даде изјава и да му се одземе пасошот пред да избега… Ние, неговите соработници, ја знаеме вистината – дека нема грам вистина во напишаново! Срамота за квази новинарството во државава…

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фејсбук статус на д-р Слаѓана Јовановска

Поврзано

Back to top button