Реклама
MAMAКафе муабет

ЕМОТИВЕН СТАТУС ЗА ЉУБОВТА: Што ќе ти е голема плата, ако на крајот од денот влегуваш во празен стан?

Реклама

Од љубовта се живее. Од парите се преживува и со парите се изживува.

Марина Радош, млада писателка од Мостар, која напиша статусот за љубовта и очекувања што го допре целиот регион.

Мене мајка ми еднаш ми кажа дека од љубов се живее, а од парите се преживува. Јас и верувам. Затоа што никаде не сум видела толку љубов како во станови од 30 квадратни метри.

Маркетинг

Што ако ве лажеле дека треба да си најдеш некој еднаков на себе? Мене не ме излажаа, затоа што никогаш не сум видела толку пркос и борба како во љубовите кои сите ги осудуваат. Како тие да се мерило за вашиот живот.

Што ако ве лажеле дека морате до 25-та? До 35-та? До 40-та, затоа што веќе е крајно време? Мене не успеаја да ме излажат, затоа што никој не ми зборувал толку реално за љубовта како онаа жена која својата љубов ја нашла на 50 години. И сега го прегрнува својот човек како девојка од 15 години.

Маркетинг

Што ако цело време ве лажат? Што ако цело време се обидуваат да ве уверат дека љубов е она што тие некогаш имале и сега повеќе ја немаат, затоа што таа престанува како „сиромаштијата ќе влезе во домот”, „кога ќе дојдат децата”, „кога ќе треба да го вратат кредитот”, „кога болеста ќе изобличи некого”, „кога повеќе не може да води љубов три пати дневно”.

Не ми верувајте ни мене. Верувајте си себеси. Цврсто држете ја својата љубов: со рацете, нозете, ноктите. Затоа што таа нема да престане, таа ќе се зацврсти баш кога ќе дојдат децата. Баш кога немаштијата ќе чукне на врата. Баш кога ќе треба да го вратите кредитот. Баш кога некој од вас ќе се разболи. Баш кога нема да можете да водите љубов три пати дневно.

И можеби не се сите направени од љубов, но треба новите деца да ги правиме од љубов. Или не ги правете. На некои љубови можеби и не им се потребни деца. Само не дозволувајте да ве лажат. Другите ни се мешаат во платите, образованието, здравјето, облекувањето, прехрануваљњето, влијаат на половина од вашиот живот, затоа што светот е таков каков што е. Но, својата љубов не ја давате никому. Затоа што тоа е најголемото нешто што ќе го постигнете во животот.

Да ти се плукнам во платата од 3000 евра ако на крајот од денот влезеш во празен стан со кесите во кои се наоѓа најмодерната облека и едноставно нема кој да ја соблече. И да ти се плукнам во сите пари на овој свет, ако немаш со кого да ги поделиш.

Извор: Бука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button