Реклама
Наши ѕвезди

Емотивен момент на Слоба Радановиќ со неговата мајка – искрени ФОТОГРАФИИ што на многумина ќе им го разубават денот

Реклама

Пејачот знае како треба да се почитува родителот

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Популарниот пејач Слоба Радановиќ ги трогна своите фанови со фотографиите на кои е со својата мајка Драгиња.

Тој беше во посета во родниот Зрењанин за да помине време со неа, а заедничките кадри ги сподели на Инстаграм.

Маркетинг

Тој седеше пред семејната куќа во родното место заедно со Драгиња и пиеше кафе, и двајцата со насмевки на лицето.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

„Мајката е најголем богатство“, „Прекрасно, уште долго време да бидете така насмеани“, „Браво Слобо, така се почитува мајка“, „Ретко можат да се видат вакви искрени и спонтани слики, било каде и било кога во денешно време“, беа само некои од коментарите што му ги порачаа сите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Инаку Слоба на 31 декември 2020 остана без својот татко. Тој беше многу близок со него, па не ретко знае да истакне дека не поминува ни ден да не се сети и помоли за неговата душа.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Тој своевремено раскажа и болна приказна за својот татко.

„Тој беше чесен човек и секогаш ќе се сетам на неговата приказна. На 16 години се преселил од село во град и дошол сам. Имал патики, но немал врвки на нив. Се прошетал низ пазарот, видел на некоја тезга, жена продавала врвки. Таа се размуабетила, а тој дете на 16 години, ги грабнал врвките додека таа не го гледала и избегал“, раскажа тој своевремено и додаде:

„По половина час се вратил, бидејќи не можел да издржи, тоа што нешто украл. Ги донел врвките на жената и и’ кажал: извините, ви ги украдов врвките, но навистина јас не го можам ова. Жената видела за што станува збор и му ги подарила врвките“, раскажуваше пејачот за својот татко.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

„Тоа секогаш ми се врти во главата, што и да правиш треба да е чесно, чесното ќе го награди Господ. не треба на никој да му се прави штета, не треба да се воздигнуваш самиот себеси со тоа што ќе спуштиш некој друг. Мислам дека чесноста е една од клучните работи за успех во животот“, изјавил тогаш Радановиќ, пишува српскиот Телеграф.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Инаку, јавноста Слоба го памети и по врската со пејачка Луна Џогани во текот на првата сезона од реалното шоу „Задруга“. Тој тогаш иако беше во брак со Кристина Кија Коцкар, која исто така влезе во споменатото шоу, пејачот заврши во прегратките на Луна, на што Кија му се спротивстави, а подоцна и победи во шоуто и започна пејачка кариера.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button