Емина Јаховиќ реши повеќе да НЕ крие дека е во врска со Садетин Саран – погледнете како ужива во љубовта со турскиот милионер
Поранешната сопруга на Мустафа Сандал повеќе не ја крие својата нова љубов
Откако во турските медиуми се појавија информации дека наскоро спремаат голема свадба, пејачката Емина Јаховиќ и турскиот милионер Садетин Саран решија повеќе да не ја кријат својата љубов од јавноста.
Тие досега не објавуваа заеднички фотографии, па така сите беа изненадени кога Емина објави видео со Садетин. Имено, таа присуствуваше на едно предавање што го одржа нејзиниот сакан и се јави преку Инстаграм од преполната сала.
Пејачката седеше во првиот ред и снимаше.
Наскоро свадба на деценијата
Според турските медиуми, Емина и Садетин би можеле до крајот на годината да застанат на лудиот камен. И доколку навистина се случи тоа, се проценува дека тоа би било свадба на деценијата, имајќи ги во предвид богатството со кое располага избраникот на убавата пејачка.
Емина претходно беше во брак со турскиот пејач Мустафа Сандал, со кого има два сина, Јаман и Јавуз.