Емина Јаховиќ проговори за љубовниот живот и конечно откри во кого е заљубена: Со Мустафа се уште е на суд, но не му забранува да се гледа со децата!
Пејачката вели дека нема нов партнер...
По долго време поп ѕвездата Емина Јаховиќ имаше настап во Белград и по долго време проговори за синовите и за поранешниот сопруг Мустафа Сандал со кој е на суд поради неплатена алиментација.
– На нашата естрада има многу талентирани пејачки. Сите се посебни на свој начин. Што се однесува до мене, јас сум некој што го работи овој бизнис чисто од љубов. Јас пишувам и компонирам мои песни, така што навистина нема причина за каква било љубомора кон моите колеги – рече пејачката и додаде:
– Вљубена сум во моите синови. Тоа им го реков и пред некој ден, а ако ме прашате дали постои некој маж, мислам дека е надмината тема. Би сакала луѓето да зборуваат за мојата музика и за тоа како јас создавам.
Таа тврди дека наводите дека има партнер во Турција се невистинити, но дека е навикната на таквите гласини:
– Речиси секој месец ме поврзуваат со нов партнер во Турција, па овие прашања веќе не ме мачат.
Таа со стил го најави своето враќање на музичката сцена:
– Отсега и се враќам на музиката на голема врата. Посветував повеќе внимание на мојата козметика и работев многу на тоа и поради тоа музиката некако остана во втор план. Сакав да се вратам на мојата музика и на моите обожаватели. Подготвив прекрасна клупска песна за лето и мислам дека ќе биде убав летен хит.
За своите песни вели дека не се хитови кои се слушаат една недела, а потоа сите ги забораваат.
– Ова што се случува денеска е многу дискутабилно. Моите песни никогаш не беа песни што ги снема по два, пет или 15 дена.
Таа откри и дека се уште е во процес на судење со поранешниот сопруг:
-Со Мустафа се уште сме на суд, што секако не го спречува да ги види децата и да се дружат.