Емина Јаховиќ едвај чекаше ситуацијата со коронавирусот да стивне за да може со синовите да дојде во Србија, но и сите заедно да одат на летување.
Наводно, нејзиниот поранешен сопруг Мустафа, не и дозволува до септември да ја напушти Турција заедно со децата.
„Мустафа и натаму се плаши од вирусот, смета дека луѓето во целиот свет премногу брзо се опуштиле и се плаши дека поради тоа може да дојде до нов бран на ковид-19“, објаснува изворот.
„Емина во еден разговор му спомена дека размислува со децата во август да оди на некоја дестинација надвор од Турција, за да се опуштат и да уживаат во летото, но тој бил против тоа. Ѝ рекол да заборави на тоа ова лето. Поточно, дека не треба да го напушта Истанбул зошто вирусот уште постои и не е паметно да ризикува“, раскажува изворот и додава:
„Пејачката се обидела да му објасни дека во август се ќе биде во ред и дека ќе гледа да оди некаде на море, каде нема многу туристи, но Мустафа не сакаше ниту да ја сослуша“.
„Не можеш да ги изложуваш децата, ниту себе си во ризик. Најбезбедна си тука, има и тука преубави плажи, а и приватни базени каде може да поминувате време. Лути се колку сакаш, но не можеш со децата да патуваш додека тотално не се смири состојбата. Мене не ми се допаѓа ниту тоа да закажуваш настапи пред септември“, ги пренесува извор зборовите на Мустафа.
„Емина не му се лути на Мустафа зошто ја разбира неговата загриженост, но од друга страна мисли дека тој сепак претерува и дека до крајот на август сепак ќе попушти и ќе ѝ дозволи со сецата на одат на неколку дена надвор од Истанбул“, додава изворот.