Емина Јаховиќ, Елена Велевска, Лила Филиповска – ова се само дел од познатите девојки што ги обожаваат овие чизми
Емина Јаховиќ изгледа прекрасно во овие чизми
Познатата пејачка позираше во најпопуларниот модел на чизми за оваа сезона. Станува збор за чизми кои ги преминуваат колената и кои, без разлика дали се од антилоп или класична кожа, од кадифе или сатен, изгледаат мошне секси и атрактивно. Тие му ласкаат и на најдобар начин го истакнуваат секое убаво женското тело.
Атрактивен модел неодамна носеше и пејачката Марина Тадиќ во комбинација со фустан од кадифе, додека ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која често носи вакви чизми, овој пат избра сив модел во комбинација со цветен фустан и очила за сонце.
Во сличен модел неодамна можевме да ја видиме и нашата фолк-пејачка Елена Велевска при гостување во една емисија, но и водителката Елена Стефановска која во своите плакари има прекрасни примероци од овој модел.
На овој тренд не можеше да му одолее ни струмичанката Љупка Митрова, но и Лила која своите црни чизми ги носеше со краток фустан и елегантен црн капут.
Единствениот проблем со овие чизми, и покрај тоа што се меѓу најпопуларните за оваа сезона, е што со нив морате да бидете внимателни. Тие најдобро одговараат на жени кои се згодни и немаат изразени колкови, додека оние со тело во форма на јаболко и со понизок раст, носењето вакви чизми би можело да им биде проблематично.
Затоа ако сте ниски избирајте модели кои не досегаат превисоко и носите ги со еднобојни комбинации. Оние дами кои имаат бујни гради и колкови треба да ги избегнуваат комбинациите со прекратки здолништа и фустани, за да не изгледаат евтино и вулгарно, а ако веќе не можат без нив, тогаш најдобро е да изберат модел со рамни потпетици.
Како македонките носат чизми над колена оваа есен >>