Реклама
Наши ѕвезди

Емина се пошегува на сметка на својот поранешен сопруг – Tој има нова девојка, а јас немам многу време за љубов. Сама сум!

Реклама

Поп пејачката Емина Јаховиќ неодамна и самата призна дека и ставила крај на кратката романса со турскиот бизнисмен Садетин Саран.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Но она што ги изненади сите е тоа што пејачката откри дека причината за тоа било што нејзиниот поранешен сопруг, Мустафа Сандал имал нова љубов! Имено, пејачката објасни дека нејзините деца и се приоритет, па мора постојано да биде покрај нив бидејќи Мустафа е вљубен во новата девојка, со која минува многу време, па ретко е со Јавуз и Јаман.

„Сега сум единствено среќна во љубовта бидејќи навистина ги сакам своите деца. Што се однесува до приватната љубов, во овој момент немам никого покрај себе, така што сум потполно сама. Бев во врска, но ставив точка. Таа врска претрпе многу медиумски притисок и донекаде мораше да заврши така. Сега морам да се посветам на козметиката и на своите деца најмногу. Немам време за многу љубов бидејќи морам да работам“ изјави убавата пејачка, а потоа не заборави да го спомене и својот поранешен сопруг Мустафа Сандал и откри дека и тој ужива покрај својата нова девојка.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Инаку, турските медиуми неодамна објавија дека Емина наскоро ќе се исели од куќата што ја доби по развод од нејзиниот поранешен сопруг. Таа нема да ја продава, туку ќе ја издава, а како што пишуваат турските медиуми, пејачката со децата ќе се пресели да живее во близина на Мустафа, како тие би можеле подеднакво да поминуваат време и со двајцата родители. Според неа, за нејзините синови во овој период е многу важно и присуството на таткото. Таа знае дека на синовите им е тешко поради нивниот развод и по секоја цена сака тие да се чувствуваат добро и да ја добијат потребната љубов и од двајцата. Свесна дека им недостига таткото, дека се навикнати да го гледаат секој ден, што сега не е случај, посебно заради оддалеченоста на местата во кои што живеат, како и поради деловните обврски и на двајцата и школските обврски на децата, реши да го направи овој чекор.

Извор: Pulsonline.rs, Glamur.mk

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button