Емина откри во каков однос е со Мустафа
Откако се појавија заедничките фотографии на пеачите Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал јавноста веднаш почна да се прашува што се случува со нив.
Се шушкаше и дека тие решиле повторно да бидат заедно, па Емина деновиве реши да открие во каков однос се.
Имено, познатата пеачка преку својот налог на социјалните мрежи одговараше на прашањата на своите следбеници, при што објасни и во каков однос е со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал (49).
Таа новогодишната ноќ ја помина со синовите Јавуз и Јаман, но и поранешниот сопруг Мустафа во неговиот стан во Истанбул.
Ова ги изненади фановите, посебно што само неколку дена претходно турските медиуми објавија дека Емина ја раскинала врската со турскиот бизнисмен Садетин Саран. Од тие причини многумина помислија дека Емина и Мустафа решила повторно да ја започнат својата љубовна романса.
Одговорот на тоа што се случува меѓу нив го даде Емина, која на социјалните мрежи објасни во каков однос се тие сега.
„Ние сме секогаш заедно заради нашите прекрасни синови што ги имаме. Ние сме најдобри пријатели во добро и лошо. Сепак, не сме заедно во емотивна смисла, ниту пак планираме да бидеме“, напиша таа.
Гласините дека тие можеби се смириле ги подгреаја нивните заеднички фотографии што пејачката ги објави деновиве на својот профил на социјалните мрежи.