Реклама
Наши ѕвезди

Емина откако раскина со милијардерот реши да се пресели поблиску до Мустафа?

Реклама

Пејачката Емина наскоро треба да се исели надвор од куќата која што ја доби по разводот од Мустафа Сандал.

Како што пишуваат турските медиуми, Емина живеела во куќата со синовите Јаман и Јавуз, кои ги доби додека беше во брак со пејачот Мустафа Сандал. Емина куќата нема да ја продава, туку реши да ја издава, а како што пишуваат турските медиуми, таа со децата ќе се пресели да живее во близина на Мустафа, како децата би можеле подеднакво да поминуваат време и со двајцата родители. Според пејачката, за нејзините синови во овој период е многу важно и присуството на таткото. Таа знае дека на синовите им е тешко поради разводот на нивните родители и по секоја цена сака тие да се чувствуваат добро и да ја добјат потребната љубов. Свесна дека им недостига таткото, дека се навикнати да го гледаат секој ден, што сега не е случај, посебно заради оддалеченоста на местата во кои што живеат, како и поради деловните обврски и на двајцата и школските обврски на децата.

Маркетинг

Извор близок до пејачката, за турски медиуми изјави дека на Емина и е јасно дека на оваа возраст на децата им е потребен татко, па во договор со поранешниот сопруг одлучила дека е најдобро за нив да го направи овој чекор.

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разделија на 6 јуни во Истанбул, по 10 години брак, а пејачката доби значаен дел по разводот од својот поранешен сопруг. Како што пренесуваа тогаш турските медиуми, Сандал планирал да ја продаде скапоцената вила во која што до сега живееше Емина со децата, и две третини од парите да и припаднат нејзе.

Маркетинг

Тоа би значело дека пејачката би добила околу 3 милиони евра. Тогаш медиумите пишуваа и дека Мустафа ќе и купи нова куќа на Емина во Србија, која би чинела некаде околу 250 илјади долари, а што се однесува до алиментацијата, секој месец и плаќа околу 2800 евра, а се обврза и финансиски да ги покрива трошоците за образование и годишните одмори на децата, и за тоа издвојува околу 11 илјади евра годишно.

Очигледно дека и двајцата се придржуваат до договорот што го потпишале и прват сé како нивните деца полесно би го пребродиле нивниот развод.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button