Емина отворено прозборува за односот со Мустафа, а она што го кажа ги изненади сите
Емина позитивно ги изненади сите со коментарот што го даде за нејзиниот поранешен сопруг.
Емина Јаховиќ иако се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал се обидува да задржи добар однос со него и тоа најмногу заради децата.
Таа повеќе пати има истакнато дека за неа е најважна среќата на нејзините деца и затоа ќе даде се од себе да има коректен однос со нивниот татко.
„Мустафа и јас имаме заеднички интерес, а тоа се нашите деца. Не смееме да направиме ништо со што би ги повредиле. Ние се уште сме млади и можеме да имаме партнери во животот, но тоа мора да биде умерено и паметно. Важно е нашите деца еден ден да се гордеат со нас“, вели таа.
Инаку, по разводот Емина имаше кратка романса со познатиот турски милионер Садетин Саран, а откако раскинаа тој утеха побара во прегратките на познатата турска манекенка, Метиша Шефер. со која наводно е во врска.