Реклама
Наши ѕвезди

Емина и Мустафа повторно заедно?

Реклама

Емина Јаховиќ откако се раздели од турскиот бизнисмен реши времето да го посвети на својата кариера и децата.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Но како што пренесуваат турските медиуми, Емина Новата 2020 година планира да ја дочека со својот поранешен сопруг.

Имено, таа со своите деца најлудата ноќ во годината ќе ја помине скромно во домот на Мустафа Сандал.

Маркетинг

Пејачката реши да им ја исполни желбата на своите деца кои сакаат празникот да го поминат со својот татко, па затоа решила за Нова година да не настапува никаде туку заедно со својот поранешен сопруг и нивните две деца да бидат во нивниот поранешен заеднички дом.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Имено, Емина и Мустафа се во одлични односи и по разводот функционираат подобро од кога било досега.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Како што неодамна објавија медиумите, Мустафа почнал да пишува автобиографија во која добар дел посветил на својата поранешна сопруга. Како што самата таа изјави во една пригода, се уште не знае за што точно ќе пишува нејзиниот сопруг, па и таа е љубопитна да дознае.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

„На мене ми е мило што пишува книга, иако се уште не сум прочитала и не знам за што се работи. Можеби постојат и некои критики, кој знае? Ќе видиме за што станува збор“, изјави Емина во една емисија на „Пинк“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button