Емина и Мустафа ги растурија добрите односи по разводот: Еве на што се жали пејачот кај нејзината мајка
Поминаа повеќе од две години откако пејачката Емина Јаховиќ (38) и турската музичка Ѕвезда Мустафа Сандал (50) договорно се разведоа, по 10 години плоден брак во кој ги добија синовите Јаман (12) и Јавуз (8).
Од тогаш до денес односот на поранешните сопружници беше различен, па така често знаеше да ги заладат односите и после некое време да им бидат дури и подобри отколку кога беа во брак.
Оваа некогаш идеална и за многумина примерна љубовна двојка денеска на многумина им се јавува како прва асоцијација за турбулентен однос, а она што овие денови се случува говори токму за тоа.
Имено, односот на Емина и Мустафа повторно се залади, па дури ниту двете момчиња, единствената врска која се уште ги одржува во контакт, не можат доволно да помогнат во спречување на нескриениот анимозитет меѓу нив.
Имено, двајцата пејачи повеќе не се следат на популарната социјална мрежа Инстаграм, истото она место каде до неодамна така среќно споделуваа заеднички семејни моменти со синовите и на светот му испраќаа пораки дека ништо не може да ја наруши нивната слога дури ниту по разводот.
Се потврди дека многу работи тоа секако можат да им го направат иако засега не е познато што им се случи овојпат да им се нарушат односите. Кога малку подлабоко би навлегле во оваа тема, лесно може да се дојде до заклучок дека оваа двојка во последните две години всушност подолго беа на „нож“ отколку што еден за друг имаа насмевка.
Според некои сознанија, несогласувањата траат откако Емина започна врска со бизнисменот Садетин Саран. Нејзиниот поранешен сопруг, наводно, од самиот почеток не ја одбрувал таа врска, сметајќи дека Садетин, поради големата љубомора и посесивност не е соодветен партнер за мајката на неговите деца. Исклучително турбулентниот однос кој Емина го имаше со Саран само ги потврди сомнежите на Сандал.
После разводот од Емина, Мустафа остана во многу добри односи со нејзината мајка Сенија, која никогаш сосема не прежали тоа што нејзината ќерка се разведе од турската ѕвезда.