Емили Ратајковски се прошета во неодоливо Кери Бредшо издание – фустанот што го носи ќе им се допадне и на многу Македонки
Никогаш не прави грешки кога е модата во прашање
Топлите летни температури можат да бидат брутални и едноставно е премногу топло за да носиме панталони. Но затоа Емили Ратајковски има едно едноставно решение кои можете да го извлечете од плакарите или од плакарот на вашиот сакан. Имено, се што ви е потребно е широка бел кошула и ремен.
Познатиот модел се прошета низ улиците во Њујорк и ни одржа лекција како да го носиме ова интересно модно парче.
Па доколку сакате да изгледате опуштено и шик во исто време, завиткајте ги ракавите, откопчајте неколку копчиња и ќе го доживеете овој „кул“ момент. Таа за да го потполни својот изглед носеше бели патики и наочари со „мачкести“ рамки кои совршено се вклопија во целата модна приказна.
Емили во вакво издание многу не потсети на стилот на Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“.