Емили Ратајковски во парчиња кои ретко која девојка би ги носела – омразениот тренд го обожава и една наша пејачка
Тренд за кој се почесто се зборува во модните магазини
Моделот Емили Ратајковски само ни потврди дека омразените бициклистички ќе бидат дел од секојдневните комбинации. Таа сивиот модел го комбинираше со краток горен дел во иста нијанса, а во едно вакво издание ретко која дама би се одлучила да се прошета низ градот.
Познатата манекенка во бициклистичките се прошета низ своето маало за да во блиското кафуле земе кафе, а спортското издание привлече внимание поради своето затегнато до совршенство тело.
Таа спортското издание го заокружи со бели патики, кои веќе со години се задолжителен дел од летната облека, а целото издание го зачини со тренди очила за сонце и необичен моден додаток – округли златни обетки.
Трендот со бициклистилките меѓу првите го „фураше“ Ким Кардашијан, која е и главниот виновник што се вратија на модната сена. Потоа можевме да видиме и други познати дами како се шетаат во овој за некои омразено модно парче, а неодамна и Антониа Гиговска позираше во своја верзија на овој необичен и впечатлив тренд.
Еве како Гиговска го фураше овој тренд …