Емили изгледа беспрекорно и во оваа боја која не може секој да ја носи
Емили Блунт повторно не воодушеви
Емили во последно време што и да облече изгледа беспрекорно и затоа постојано е во фокусот на модните магазини. Не знаеме дали за тоа е виновен нејзиниот стилист, но ако е така дефинитивно заслужува да му ја зголеми платата.
Емили последниве денови работи под полна пареа промовирајќи го својот нов филм „Враќањето на Мери Попинс“. Токму затоа и убавата 35 годишна актерка во Њујорк беше видена во две модни изданија со кои потполно ги воодушеви сите, облечена од глава до пети во зелено – боја од која се плашат бројни познати дами и трендсетерки.
Таа најпрво на снимањето на емисијата „Good Morning Americ“’ се појави во атрактивен миди фустан со кој ги истакна нејзините убави долги нозе. Во прашање е модел со потписот на неизвиканиот американски бренд „Lela Rose“ кој убавата русокоса актерка го носеше со сребрени сандали со високи потпетици со потписот на Софија Вебстер и децентен накит од Новел Хертиџ и Октавија Елизабет.
По гостувањето во оваа емисија, убавата Британка ја чекаше снимање на уште една, па реши да се пресоблече за да не биде два пати забележана во исто издание.
Емили овој пат избра карирана комбинација со потписот на Мајкл Корс – ефектни широки панталони што ги носеше со ретро џемпер во стилот на 70-тите, со светкави шиени каменчиња кои ја красат јаката, а целото издание го заокружи со шик високи потпетици и елегантен зелен капут што го носеше префрлен преку нејзините раменици.
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?