Ема има 127 килограми и зборуваше отворено за својот љубовен живот: „Постои само една поза што не можеме да ја направиме“
Ема Тамсин Хил (22) е инфлуенсерка која на Инстаграм ја следат преку 53.000 луѓе. Има 127 килограми, а за „Daily Mail“ неодамна откри како изгледа нејзиниот сексуален живот. Призна дека кога била помлада, и пречеле вишокот килограми, но откако се запознала со нејзиниот сегашен дечко Брендон Вајтер (23), почнала да го прифаќа нејзиното тело.
„Ние имаме одличен сексуален живот. Ми требаше некое време да дојдам до тоа и да се опуштам, да го засакам моето тело и да најдам маж кој не е со мене само за да задоволи некој свој фетиш, па така сега конечно можам да кажам дека имам одличен љубовен живот“, вели таа. „Ако имате повеќе килограми, тоа не значи дека морате да водите љубов во темница и само во одредени пози”, истакна таа.
Ема призна дека, сепак, постои една поза која и прави проблем и дека нејзиното момче не може да ја изведе – онаа во која би ја држел подигната.
Таа објасни дека претходно имала проблеми со самодовербата и дека спиела „со повеќе мажи отколку што е потребно” само за да докаже на самата себе дека е привлечна. Но, како што вели самата, со Брендон сега сé е поразлично.
„Едно време тој ме бакнуваше по мојот стомак и кога му кажав дека не ми се допаѓа тоа, тој одговори дека тоа е дел од моето тело и дека го сака секој дел од мене. Тој ме гледаше онаква како што јас самата се гледам и тоа мене многу ми помогна да се видам поинаку“, вели Ема.