Елизабета заедно со синот и претседателот Стево го прослави својот прв роденден како прва дама на Македонија
Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, денес наполни 47 години.
Сопругата на новиот претседател на Македониј Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, првиот ден како прва дама на Македонија наполни 47 години. Пријателите и го честитаа роденденот на социјалните мрежи. Елизабета со Стево, кој на 3 април наполни 56 години, е во брак 20 години.
Елизабета за време на претседателската кампања постојано беше со својот сопруг и беше неговата најголема поддршка за целото време. Го следеше на настаните, а по победата прославија заедно со нивниот син.
Елизабета, која е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, во еден од своите настапи за време на кампањата му порача на народот на еден митинг дека не треба да бидат загрижени воопшто знаејќи го Стево како прекрасен сопруг и татко.