Реклама
Наши ѕвезди

Елизабета е вистински пример за дама- уште еднаш оддржа лекција за елеганција, а откри и како се запознале со Пендаровски

Реклама

Веќе одамна е јасно дека каде и да се појави првата дама ги собира сите погледи.

Елизабета Ѓорѓиевска сака стилизирани и минималистички изгледи, а во една прилика откри дека црната и е омилена боја.

Маркетинг

Таа често се појавува на различни настани, а овојпат на Интернационалниот ден на жени во науката Елизабета говореше за мотивирање на девојки во науката.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

-Со заеднички ангажман од државата, академската и бизнис-заедницата, да ја мотивираме следната генерација на девојки активно да се вклучат во науката и да го дадат најдоброто од себе за економскиот и технолошкиот развој на општеството.

Маркетинг

Преку промовирање на успешните приказни, заеднички да ги поттикнуваме младите истражувачки-напиша Елизабета на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Облечена во елегантна бела кошула, бела марама на вратот и црно здолниште до под коленици Елизабета со едноставен и минималистички стајлинг едноставно плени.

Секако тука беше совршено стилизирана фризура и дискретна шминка која придонесе за целосниот изгледа да биде комплетен и незаборавен.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Не е ни чудно што нашата прва дама често е споредувана со Кејт Мидлтон и кралицата Летиција кои важат за елегантни и едни од најубаво облечени дами во светот.

Инаку Елизабета по професија е стоматолог, а со претседателот Стево веќе е во брак повеќе од 23 години.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Елизабета во едно интервју за „Репортер“ откри дека со Стево се запознале во едно скопско кафуле преку заеднички пријател, додека таа поминувала низ тежок период, односно нејзината сестра по-чинала, па тој и бил голема поддршка.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

– Долго време се дружевме бевме пријатели, а потоа решивме да излегуваме. Бевме во врска три години пред да стапиме во брак, но веќе на вториот состанок ми рече „што се однесува до мене може утре да се земеме“- рече Елизабета.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Направиле мала свадба на Пантелемон со 50 гости,најблиските, без музика, нешто како вечера, а таа не нослеа ни венчаница.

Таа нагласи дека откако Стево станал претседател не се сменила, а посебно на работното место продолжила да работи како и претходно.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Работи секој ден и прима пациенти, а откри дека заедно со претседателот се обидуваат колку може помалку да користат обезбедување.

-Едноставно ние сме како сите обични луѓе и нема потреба да се прави бука околу нашето присуство или појавување-рече тогаш Елизабета.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button