Реклама
Интервју

Елена Романова:„ Никогаш не мислев дека ќе се занимавам со оваа професија“

Реклама

Нејзиниот глас го слушате секое утро на фрекфенциите на Сити радио, но и во попладневните часови на Метрополис Радио Мрежа. Јелисалфета Крстиќ Поп Мајбах од Фчерашни новости или Елена Романова од секојдневието е девојка која никогаш претходно не мислела дека ќе биде радио водител и дека ќе се занимава токму со ова што го работи денес.

Како се роди желбата да станете радио- водител?

Никогаш претходно пред да станам радио водител, не мислев дека ќе се занимавам со оваа професија. Сосема случајно додека бев на пракса во еден наш весник, се сретнав со Елена Стојановска којашто работеше во Сити радио. Ја знаев од претходно, па и раскажав дека сум била дел од Студентското радио, додека студирав новинарство. Ми рече да дојдам во Сити и да прочитам текстови, чисто да ми го имаат гласот ако им треба водител за понатаму. По кратко време ме побараа и така некако слушајќи ги моите колеги, учејќи од нив, спонтано се случи да го засакам радиото. Го сакав јас радиото отсекогаш, но овој пат се заљубив од другата страна, од онаа на микрофонот. Таа желба не спласнала ни досега. Благодарна сум зошто ме препознаа и што сум дел од радиските води.

Маркетинг

Се сеќавате на првата најава?

Знам само дека не спиев претходната вечер. Имав премногу трема. Се сеќавам дека утрински требаше да се најавам, што значи сигурно го имало она “добро утро”, па информација за временска прогноза, евентуално состојба на патиштата. Како тоа звучело? Е тука не би знаела што да одговорам, но сигурна сум дека доколку би го слушнала сега, никако не би ми се допаднало.

Маркетинг

Како се случи Елена да биде дел од тимот на „Фчерашни новости“?

Мораше некако да помине таа трема од камери. Гледајќи ги Фчерашни на телевизија, сфатив дека е проект во којшто се гледам себе си и проект кој ќе ми помогне да го пребродам стравот од камерите. Бев на кастинг. Знам дека зборував за некои поплави и пожари и не се сеќавам на ништо друго. После тоа качив температура, претпоставувам од трема. Не сум била посреќна од моментот кога Бранко ми соопшти дека сака да бидам дел од тимот. После три години, јас сум најсреќниот човек којшто работи во еден тим каков што е тимот на Фчерашни. Благодарам на целата екипа, којашто внесува среќа и позитивна енергија во секој мој ден.

Ако би требало да одберете меѓу радио и ТВ, што би одбрале?

Двата медиуми имаат посебно значење во моето функционирање. Радиото ми помогна во најтешките моменти во мојот живот. Зошто кога потенциометарот е кренат и кога треба да зборуваме во етер и кога не слушаат слушателите, тука нема простор за тага. Има простор само за ширење на позитивни вибрации. Тоа, барем мене, ми даде позитивни мисли и пребродување на најтешките моменти во мојот живот. А телевизијата има посебна магија. Во Македонија е медиум којшто е најмногу користен за информирање на јавноста, па оттука е и медум којшто најмногу влијае. Да влијаеме на другите е предизвик, а јас сакам предизвици.

Која е твојата прва љубов?

Мајка ми.

Која песна најчесто ја пушташ на радио?

Со оглед на тоа дека е радио, не можам да одвојам песна која најчесто ја пуштаме. Пуштаме песни кои моментално се наоѓаат на светските топ листи, најчесто ги следиме британската и американската топ листа. Доколку песната се наоѓа помеѓу најслушаните три песни во светот, веројатно тоа е песната којашто тој месец ќе биде највртена на радио.

Како се снаоѓа Елена во кујна?

Одлично. Моето омилено место во домот. Сакам да готвам и отсекогаш сум готвела. Сакам да експериментирам со разни кујни, но најдобро се снаоѓам со нашата традиционална и мислам дека сум многу добра во тоа. Сега сум поретко во кујна со оглед на тоа дека мојот партнер исто така многу сака да готви, па во последно време сум онаа којашто јаде, а не онаа која ја подготвува храната.

Знаат ли скопјани да ги следат Светските трендови?

Зависи за каков тренд зборуваме. Ако во светот е тренд да се оди во театар убаво облечен, ако е тренд да се посетуваат опери, балет и изложби, ако е тренд да се посетуваат модни настани, ако е тренд културно однесување во кафулиња и дискотеки, ако е тренд да помогнеш на оние кои се немоќни, ако е тренд да се бориш за правата на животните итн. тука и те како заостануваме. Светските трендови ни се многу достапни ама ние не знаеме да ги користиме.

Како го поминуваш слободното време?

Секогаш со оние коишто ми го прават секојдневието најубаво, а баш и не можам да им се посветам во текот на работната недела. Обожавам да пијам кафе со другарките, да решавам проблеми со брат ми, да си зборувам со тетка ми, да ручам и да се советувам со дедо ми, да се дружам со братучедите, да шетам со Дуци, да “крузам” со Паки, Дуци, Кика и Бистра. И тоа да трае со часови. Сакам многу да читам. И обавезно филмови. Со денови и со часови можам да гледам филмови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button