Наши ѕвезди

Елена Ристеска покажа како изгледа без шминка на лицето. И со сите „несовршености“ повторно е неодолива (фото)

Advertisement

Убавата скопјанка, покрај тоа што има феноменален глас и изгледа неодоливо на своите настапи, таа е и една од ретките познати дами кои можат да се пофалат со својата природна убавина.

Advertisement

Пејачката Елена Ристеска важи за една од најубавите и најатрактивните дами на нашето естрадно небо.

Покрај тоа што има феноменален глас и изгледа неодоливо на своите настапи, убавата скопјанка важи и за една од ретките познати дами кои можат да се пофалат и со својата природна убавина на која никој не може да остане рамнодушен.

Advertisement

Таа неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која е без грам шминка во опуштена атмосфера.

Елена со оваа фотографија уште еднаш покажа дека нема комплекси кога е нејзиниот изглед во прашање, а тоа го потврди и со коментарот што го напиша под фотографијата со кој ги воодушеви сите.

„Ова утро се разбудив вака. И, да, имам широк нос, имам црвенило, имам акни, имам сини кругови под очите, имам кратки трепки, веѓите не ми се совршени, имам многу фалинки. Да, не сум совршен. Но, кому е гајле? Се сакам себеси. П.С. Не можете да видите на фотографијата, но не сум доволно висока и не сум доволно тенка. Доволно? За она што заедницата вели дека е доволно. Значи … никогаш не дозволувајте некој да ве натера да се сомневате во себе. Секогаш чекајте го оној што ќе ги сака сите ваши несовршености. ;)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button