Елена Ристеска одвај ги задржа солзите да не заплаче – нејзиниот татко ќе се гордееше со неа да беше жив
Еве зошто пејачката долго време ја немаше на сцената
Пејачката со концертот му оддаде почит на својот починат татко
Елена Ристеска секогаш одвај ги задржува солзите да не заплаче додека зборува за својот починат татко кого многу го сакаше.
Неговиот живот згасна пред точно седум години, на 29 септември, ден кој Елена нема никогаш да го заборави во животот.
Како што самата изјави во една пригода во описот на фотографијата што тогаш ја објави на својот профил на социјалните мрежи, некогаш мислела дека ќе и биде најтешко на денот кога тој починал и секој следен таков датум, но по извесен период сфатила дека подеднакво се тешки сите денови што доаѓаат после тој ден.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
„Знам дека си горд на мене и дека сè гледаш и сè слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго, а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат“.
„Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам…“ напиша Елена точно пред две години, на датумот на кој што почина нејзиниот сакан татко.
Пејачката потоа додаде и дека не постои љубов како неговата, а објави и една стара фотографија на која е заедно со својот татко.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
И како што вети тогаш, точно по две години, Елена повторно се врати на сцената, посилна од кога било досега. И тоа на истиот датум на кој почина нејзиниот татко пред седум години, 29 септември.
„Ќе пеам во негова чест и мислам дека тој секогаш ми праќа некоја обврска во овие тешки денови за да не мислам на болката“ изјави пејачката непосредно пред својот настап во интервју за СДК.
Таа додаде дека целиот овој период и бил тешко и дека по смртта на својот татко го изгубила ентузијазмот за работа.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
А како изгледаше Елена на овој настап, кога буквално ја крена публиката на нозе и ги воодушеви сите, погледнете во продолжение…