Наши ѕвезди

Елена Ристеска и во обични хеланки изгледа неодоливо

Advertisement

Нашата позната пејачка Елена Ристеска се облече во хеланки и патики и покажа како изгледа додека вежба.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Една од нашите најпознати пејачки ги замени елегантните фустани со кул и лежерни парчиња и замина на вежбање во теретана. Таа одлучи на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм да им покаже како вежба, а многумина беа воодушевени кога ја видоа во вакво издание.

Advertisement

Таа објави неколку фотографии со кои покажа како го одржува своето тело со кое во секое време може да не остави без здив.

Облечена во црни хеланки и тренди патики, Елена го слуша својот тренер кој ја набљудува додека вежба.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Имено, таа се пофали на својот профил на Инстаграм дека редовно оди во теретана и покажа колку е еластична, а како изгледа погледнете во продолжение.

Advertisement

Елена своето тело го доведе до совршенство, пред се благодарение на вежбањето во теретана и правилната исхрана, а ова е една од вежбите која е и најмногу виновна за нејзините затегнати и убаво обликувани нозе.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Инаку, Елена покрај тоа што секогаш убаво изгледа, препознатлива е и по нејзината густа и убава коса. Еве што ќе рече таа во една пригода за Гламур магазин за тоа како ја одржува својата коса, но и за тоа дали посто некоја фризура која се уште немала храброст да ја направи.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

„Многу сакам да ја обојам косата руса, и да ја носам машки кратка. Но, немам храброст за тоа. И секогаш велам можеби ќе ја направам таква косата за некој спот или концерт, на кратко, ама после некое време повторно да се вратам на стандардната фризура. Густата коса , да ги утешам оние со поретки коси, е навистина тешка за одржување. 2/3 саати ми се потребни за да ја средам сама, затоа сум зависник од фризерски третман, но за среќа го имам Даниел Николовски кој точно знае како да ја третира и одржува мојата специфична коса. Од друга страна пак, повеќето фризери кои ме средувале и во земјава и во странство велат дека е рај да се работи со коса како мојата, им претставува предизвик кога имаат пред себе бујна и коса со која може да се експериментира. А јас пак сонувам за потенка коса, да ја измијам и исушам за 15минути и да излезам надвор“, изјави Елена во интервјуто за Гламур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button