Поп пејачката Елена Ристеска наводно стави точка на својата романска со скопскиот угостител Филип Арсовски.
Како што објави „Слободен печат“, до нивната разделба дошло поради неверство на Филип по што Елена решила да стави точка на нивната врска. Иако тие зборувале сé најдобро еден за друг, а нивните пријатели истакнуваат дека постои место за помирување, ќе видиме дали Ристеска може да го заборави неверството и да се прости со Филип.
Инаку, за романсата меѓу убавата пејачка и тетовираниот Филип почна да се пишува пред неколку месеци откако претходно повеќе пати беа забележани заедно низ скопските кафулиња и клубови.
Тие наводно пред да ја започнат врската биле добри пријатели, а потоа нивното пријателство се разви во емотивна врска која на Елена и беше прва по разводот од нејзиниот поранешен сопруг Бојан Ивановски.
Елена и Бојан
Кога пред неколку години се појави веста дека Елена Ристеска и Бојан Ивановски се разведуваат, јавноста беше шокирана. После само неколку месеци од потпишувањето на документите за развод, Бојан се вери, а потоа и ожени со друга, а Елена се посвети на својата музичка кариера.
Инаку, и нејзиното сега веќе поранешно момче Филип е мошне популарен на социјалните мрежи каде само на Инстаграм го следат речиси 10.000 фанови. Во продолжение погледнете неколку негови фотографии…