Реклама
Наши ѕвезди

Елена Ристеска ги мами воздишките и во едно вакво издание – таа е НЕВЕРОЈАТНО згодна, но овој пат се надмина себеси!

Реклама

Гламурозно и шик издание на Елена за кое се зборува

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Кога сакаат да изгледаат заводливо дамите најчесто избираат куси фустани што ќе ги стават нозете во преде план, но Елена Ристеска овој пат реши да го покаже својот грб и покажа дека е една од ретките среќнички што можат да изгледаат провокативно во секое издание.

Имено, таа во елегантен комбинезон се појави во една емисија, а заради нејзиното модно издание сите останаа без здив.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Таа за оваа пригода избра црн комбинезон со бели риги со кој на совршен начин го истакна нејзиното убаво тело.

Во прашање е елегантен модел со деколте во „V“ израз и отворен грб кој суптилно ги мами воздишките на посилниот пол. Косата ја носеше врзана во коњско опавче, со пуштени шишки преку нејзиното убаво лице, а целото издание го заокружи со црвен кармин и високи потпетици.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Совршениот комбинезонот е направен во сина боја и бели риги заради што потсетува на пижами, што исто така е во тренд, а неговиот одличен крој кој ја следеше нејзината линија и стоеше совршено на пејачката.

Ристеска овој модел го носеше со мошне интересни модни додатоци како што се елегантните, тенки високи потпетици со кои ја „подигна“ целата комбинација, додека убавите усни ги нагласи со кармин во страсна црвена боја.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

„Размислвам да посвојам детенце“

Инаку, познатата пејачката која во последно време е максимално посветена на промоцијата на својата козметичка линија „ЕРА“, во емисијата зборуваше и за својот љубовен живот, па во една пригода изјави:

Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене. Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, вели пејачката.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

На прашањето дали размислува за мајчинство, таа вели:

„Сите ние на 30тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си посвојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“ додава Елена во интервјуто за магазинот „Бекстејџ“.

Како да носиме комбинезони

Овие „overall“ модели веќе одамна не се резервирани само за работничката класа. Наместо широки панталони оваа сезона во мода се комбинезони, од оние со широк крој, кои се наменети за секојдневни прошетки, до елегантните и женствени модели, резервирани за вечерни изданија. Нивната едноставност во формата ги прави да бидат омилени и многу практични за носење. Тие се удобни и комфорни, и претставуваат целина кога е во прашање облекувањето, а модните додатоци се важен елемент за комплетната слика во доживувањето.

Погледнете неколку модели од познатите брендови…

PARADISED
ZIMMERMANN
ZIMMERMANN
THEORY
SOLID & STRIPED
ALEX MILL
PHILOSOPHY DI LORENZO SERAFINI
MAX MARA
NANUSHKA
DIANE VON FURSTENBERG
MAX MARA
AREA
CUSHNIE
NORMA KAMALI
TIBI

Фото: Нет-а-портер, Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button