Реклама
Наши ѕвезди

Елена Ристеска во едно од најдобрите изданија што сме ја виделе – ХОЛИВУДСКИ ШМЕК со македонски потпис (фото)

Реклама

Елеганција и гламур во едно

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Нашата пејачка плени со својата убавина и шарм, но и со преубавиот фустан во кој се чувствуваше совршено.

Елена Ристеска е една од нашите најубави пејачки.

Маркетинг

Таа публиката ја освои со својот беспрекорен глас, но и со убавината и шармот на кој никој не може да остане рамнодушен.

Што се однесува до нејзиниот стил, таа сака да носи модерни комбинации, а нема проблем и да ја покаже својата витка линија.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Овој пат Елена позираше во преубав црн фустан со потписот на една од нашите најпознати модни креаторки.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Во прашање е прекрасна креација со раскошно здолниште и тесен горен дел без ракави која е ремек-дело на македонската модна креаторка Јована Филиповиќ.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Пејачката со интересен тенок ремен, исто така во црна нијанса, дополнително ја истакна својата тенка половина, а целото издание го зачини со мала чантичка што ја носеше префрлена преку рамениците, елегантни црни сандали со високи потпетици и кармин во впечатлива црвена нијанса.

Иако Елена носеше монохроматско издание, раскошното здолниште украсено со тантела ја разби монотонијата, додека проѕирните моменти допринесуваат целата креација да добие еден мал заводлив момент кој таа дополнително го појача со убавиот тен и црвениот кармин.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Елена инаку го негува природниот изглед, па така беше и овој пат. Таа косата ја направи со благи бранови, а на својот профил на Инстаграм покажа и кој е виновникот за оваа нејзина преубава шминка и фризура.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Имено, таа објави фотографија и од познатиот фризер и шминкер Даниел Николовски со кого Елена веќе со години е мошне блиска.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Елена?

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Во продолжение погледнете уште неколку прекрасни креации на нашата модна креаторка Јована Филиповиќ.

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Филиповиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button