Елена повторно се огласи – еве што откри за жената што ја нападна брутално, без никаква причина (фото)
Пејачката поднесе кривична пријава, жената беше уапсена
Пејачката Елен Ристеска се најде во центарот на медиумското внимание заради наводна тепачка со љубоморна жена.
Имено, најпрво се појавија гласини дека жената ја нападнала пејачката заради љубомора, а некои медиуми објавија и дека во прашање е поранешна сопруга на момче кое било во врска и со Елена.
По овие гласини се огласи пејачката која откри дека е точно дека е нападната и дека поднела кривична пријава.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Но таа исто така потенцираше дека е нападната без причина и без повод, и дека поднела пријава против напаѓачот.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
„Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка“, напиѓа пејачката на социјалните мрежи и додаде дека на ова гледа како обид да се извалка нејзиното име.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
По ова Елена објави и „Инстаграм стори“ што претходно го сподели познатата актерка Весна Петрушевска, а во кое е објавена вест дека 38-годишната скопјанка што ја нападнала пејачката е уапсена.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
„Ајде сега и обвинителството да видиме како ќе постапи. Нула толеранција за насилство, #крени глас. Елена, само така маме“, напиша Петрушeвска во објавата што ја сподели на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Како што информираат од полицијата, осомничената жена за нападот на 23 октомври во угостителски објект во Скопје извршила грубо насилство кон оштетената, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата, пренесува порталот МКД.мк.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Од полицијата исто така потврдија дека на 24 октомври 2023 година лицето Е.Т.П (38) е лишено од слобода по пријава од Е.Р (37) од Скопје на ден 23.102023, која била нападната во угостителски објект.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Како што информираат од МВР со осомничената е извршен разговор и таа го признала делото, по што против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.
Бонус галерија
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Елена на еден од своите последни настапи
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска