Пејачката Елена Петреска во последно време изгледа се поубаво и поубаво, а судејќи според фотографиите мајчинството и бракот очигледно и годи.
Елена пред седум години заплови во брачните води со нејзиното долгогодишно момче Андреј Толевски. Тие денес се родители на две дечиња, Михаел и Софија, а според фотографиите што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи, очигледно е дека се уште се на седмото небо.
Впрочем тоа го покажа и мама Елена кога на својот сопруг му ја честиташе годишнината со емотивна порака со која тогаш ги воодушеви своите обожаватели.
„Љубовта кон тебе многу ме промени, твојата сурова искреност ме направи подобра личност. Можеби треба да сум лута, но за чудо денес сум благодарна! Фала ти што ми помагаш да растам!“ напиша тогаш Елена, па нема да се изненадиме ако наскоро повторно напише интересна порака за нивната годишнина. Имено, повеќе од јасно е дека проблемите не заобиколуваат никого, па ни естрадните личности кои секако не се имуни на нив, но од нивните заеднички фотографии можеме да заклучиме само едно – тие изгледаат среќно и како да го живеат својот живот од соништата. Полни со љубов, како да се на самиот почетокот од нивната врска.
Нивната среќа ја пополнија и нивните деца Михаел и Софија, на кои им посветуваат максимално внимание и со кои го минуваат секое слободно време.
Среќните родители на социјалните мрежи често објавуваат фотографии и со нив, а најсимпатичните ни се оние што Елена ги објави од роденденот на својата ќеркичка. Имено, тие нејзиниот трети роденден го прославија на плажа, па на некои од овие фотографии потсетете се во продолжение.