Елена Петреска ги покажа нозете во кратко фустанче – фановите воодушевени од ова издание на нашата убава пејачка
Нашата позната пејачка никогаш не изгледала подобро
Во модниот стил на Елена Петреска често можеме да забележиме женственост спакувана на еден посебен (читај провокативен) начин кој едноставно никого не остава рамнодушен. Имено, убавата пејачка не ретко знае да не изненади со својот храбар стил кој оди на линија со елеганцијата но и умереното истакнување на женското тело, а токму такво е и ова нејзино издание.
Елена едноставно „вреска“ со својата харизма во овој кус розов фустан со кој ги стави своите убави нозе во преден план, а целото издание го заокружи со шик салонки на платформа и тенки високи потпетици.
Покрај светкавиот материјал и впечатливата розова боја, фустанот привлекува внимание и со своите интересни ракави, а Елена го носеше според правилото „помалку е повеќе“ што беше сосем доволно за ова феноменално издание.
Па, дали ви се допаѓа Елена во ова издание?