Реклама
Наши ѕвездиСтил

Елена од Сител ужива на плажа во Мексико, па сподели фотографии и на многумина им го разубави денот

Познатата водителка со преубавиот фустан и длабокото деколте никого не остави рамнодушен

Реклама

Елена Стојановска-Јанковска изгледа неверојатно убаво, а за нејзиниот изглед најзаслужен е умерениот начин на живот.

Елена во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, а сега сподели неколку фотографии со кои ги изненади сите.

Имено, шармантната водителка отпатува во Мексико, па реши да открие што прави и како ужива на ова свое патување.

Маркетинг

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

На Инстаграм објави неколку фотографии направени во близина на океанот кој се гледаше во позадината, додека во фокусот беше таа.

Маркетинг

Водителката за оваа пригода избра син фустан со тенки прерамки и со прорези кои дополнително го истакнаа нејзиното тело.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Коментари на сметка на нејзиниот изгледа се уште се редат, а сите се согласни дека изгледа неодоливо во ова издание.

„Преубава и ти и фотографијата“, и порача нејзината колешка Ирена Спировска, а слични беа коментарите и на сите останати.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Покрај оваа фотографија Елена откри и како изгледа хотелот во кој е сместена, но и како изгледа во фустанот гледано од задната страна.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Потсетуваме, водителката пред две недели го прослави својот 44 роденден кога исто така блескаше од глава до пети.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Тогаш во прашање беше црна тоалета со спуштени раменици, со која повторно никого не остави рамнодушен.

Што се однесува до нејзиниот изглед, Елена во една пригода за Гламур откри како се одржува во форма и која е нејзината „тајна“.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

„Немам тајна. Некако секогаш ги имам истите килограми. Не внимавам да не внесувам јаглехидрати, напротив мислам дека се важни. Не јадам месо и тоа не затоа што сум некој заколнат вегетаријанец туку дека не ми  се допаѓа нешто посебно. Сакам риба, сакам овошје, зеленчук ама речиси секојдневно јадам и чоколадо“, изјави Елена.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

„Сакам да пешачам и можеби тоа ми помага“, откри Елена и додаде дека според неа најважно е човек да е умерен во сé.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button