Елена на телевизија е убавица, а вака изгледа во живо – водителката од Сител во досега невидено издание
Елена, свесна ли си каква убавина носиш во себе – коментар што би израдувал секоја дама
Еве како нашата позната водителка изгледа кога не е пред камерите, далеку од светлото на рефлекторите
Водителката Елена Стојановска-Јанковска важи за една од нашие најубави и најуспешни ТВ лица.
Кога и да се појави на малите екрани, таа привлекува внимание со својот природен шарм и прекрасна насмевка, а оние што ја познаваат за водителката велат дека е една од најпријатните и најпозитивните личности што ги запознале во животот.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Секогаш насмеана и расположена секое нејзино појавување не може да помине незабележано, а впрочем тоа е така и на социјалните мрежи каде оваа прекрасна млада дама плени со својата убавина.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа со секоја своја фотографија предизвикува бројни реакции, па така беше и сега кога покажа како изгледа далеку од камерите.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, Елена позираше во Лазарополе, во издание во какво ретко ја гледаме, но и во поприлично интересно друштво.
„Мене стварно никој ништо не ми смее! Дами и господа, моите чувари Бистра и Буцо“, напиша Елена под фотографиите на Инстаграм, воодушевувајќи ги сите со прекрасната идила, но и со шарпланинците покрај кои водителката блескаше од среќа.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
„Девојко, свесна ли си каква убавина носиш“, „Прекрасна“ беа само некои од коментарите што таа ги доби.
Како Елена изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…