Реклама
Интервју

Елена Миленковска: „Јас сум човек на кој не му треба многу да биде среќен“

Реклама

Учеството на регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд на македонската пејачка и ја донесе љубовта на нејзиниот живот. Пред повеќе од една година Елена Миленковска стапи во брак со српскиот пејач Гуте Маринковиќ, а минатото лето се оствари и во улогата на мајка. За животот во Белград, за музичките планови, но и за тоа како се снаоѓа во улогата на мајка прочитајте во интервјуто…

Пред извесно време, станавте мајка, како се снајде Елена во новата улога?

Одлично, искрено се чувствувам како да сум по трет пат мајка. Нема ништо поубаво од тоа да се биде родител. На почеток ништо не ми беше јасно што е и нормално, но како поминуваше времето беше се подобро и полесно.

Колку и како ве  промени мајчинстовото?

Уф, многу! Животот стана поинтересен, најљубовен, полн со среќа и смеа, но исто така и со грижи. Многу созреав и секојдневно созревам покрај Максим како личност така и како родител.

Маркетинг

Тешко ли беше да си ја вратите одличната физичка линија после породувањето?

Не беше тешко. Иако сеуште не сум вратена во форма онака како што бев пред да останам бремена. Но се трудам и работам на себе. Ќе дојде набрзо се на свое место.

Како го доби името вашето дете?

Многу беше лесно и јас и Гуте многу го сакавме тоа име така да лесно ја донесовме одлуката.

Маркетинг

Што ве прави горда мајка?

Самото тоа што знам дека јас сум му мајка на Максим ме прави најгорда. Горда сум на себе и горда сум на нашата љубов со Гуте која го донесе Максим на овој свет. Навистина е створен со многу љубов и расте во топол дом исполнет со мир и бескрајна хармонија.

Веќе некое време живеете во Белград, ви недостасува Скопје?

Многу ми недоставува Скопје. Можеби не толку градот колку што луѓето кои ми останаа во него. Незаборавни моменти и бескрајна љубов ме врзуваат за Скопје.

Жал ми е што поради целата ситуација неможеме често да доагјаме, но се надевам дека набрзо и ова ќе помине.

Што има Скопје, а нема Белград?

Хм. Искрено јас сум човек на кој не му треба многу да биде среќен. Така бев среќна во Скопје а сега сум уште посреќна овде во Белград бидејќи имам се што ми треба. Прекрасно семејство и работа која ја работам со многу љубов. Другото не ме засега премногу па затоа и не можам да одвојам што има Скопје а нема Белград.

Планирате ли можеби некогаш да се вратите повторно да живеете во родниот крај?

Не, тука се стациониравме. Убаво ни е навистина.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Од секогаш сум сакала да летам со параглајдер, но не сум имала прилика до сега. Се надевам дека ќе биде и тоа кога ќе му дојде време.

Која лоша навика сте успеале да ја победите?

Хм има повеќе но една од нив е она типично кога се работи за некоја обврска ,,Тоа можам и утре’’. Од кога го родив Максим се завршувам одма, така и денот ми е подобро испланиран, а и имам повеќе време да бидам со него.

Што следно може да очекува публиката од Елена?

Музика и песни. Имам во план многу работи, но не би сакала да откривам ништо. Тешка е ситуацијата многу моментално а ние музичарите сме највеќе погодени. Затоа пред се сакам се да тргне на подобро, а потоа ќе си дојде се што треба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button