Пејачката се пофали со новиот имиџ
Една од нашите најпознати фолк пејачки, Елена Велевска, очигледно сака да експериментира со стиловите. Ова не и е прв пат да го промени имиџот, а од коментарите можеме да видиме дека на нејзините обожаватели им се допадна промената
Маркетинг
Имено, Елена ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи на кои позира облечена во мал бел фустан и розови високи потпетици со кои ги истакна нејзините убави нозе. Сепак во центарот на вниманието е нејзината нова руса коса со која никого не остави рамнодушен.
Маркетинг
Нејзините шишки се кратки и косата и е скратена рамно, а на нејзините следбеници им се допадна новиот имиџ на пејачката.
„Многу си красива“, и порача еден од фановите.