Оваа боја на кармин треба да ја имаме меѓу нашите шминки
Она што во претходните неколку сезони беше карминот во боја на кожа, оваа година ќе биде црвениот кармин
Според порталот Ин стајл (In Style), оваа година апсолутен хит ќе биде карминот во класичната црвена боја.
Црвената боја во различни нијанси им стои убаво на сите жени. Во прашање се нијанси кои ја нагласуваат целокупната шминка и допринесува за ефективен изглед.
Магијата на црвената боја е во тоа што со овој карми вашето лице ќе изгледа свежо и одморено, а посебно ќе се истакне насмевката на вашето лице и на совршен начин ќе ги нагласи сите останати делови од шминката.
Познатите стилисти советуваат да изберете црвен кармин со постудени под-тонови, бидејќи топлите тонови предизвикуваат спротивен ефект од она што го очекувате.