Реклама
CelebrityНовости

Екс директорот на АЕК сега бара совет, сопругата откако побарала развод се преселила

Реклама

Веста за разводот на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса Орданоска ја разбранува целата македонска јавност.

Орданоски, кој сега е вработен во МЕПСО, во моментов е на зимување на Пелистер заедно со двете ќерки, за кои вели дека се центар на неговиот свет.

Маркетинг

Тој на својот Фејсбук профил објави видео од роденденот на неговата ќерка, во чиј опис ја откри причината за разводот нарекувајќи ја Агнеса „фотошоп барбика“ која се разведува од него затоа што тој повеќе не е директор.

Маркетинг

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Agnesa Ordanoska не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде соодветен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел Молика, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома.
Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша Ордановски на Фејсбук, а неговата објава набрзо потоа одекна и се прошири во јавноста со брзина на светлината.

 

Тој во интервју за „Женски магазин“ ја раскажа целата приказна за нивната љубов. Истакна дека нивната разлика од 15 години се трудел успешно да ја менаџира.

„Вчера, на 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општество, а тоа е семејството.

Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“, вели Орданоски за Женски магазин.

Тој додаде дека потекнува од семејство на интелектуалци кои живеело скромно, а Агнеса отскокнувала од тоа. Вели дека татко му бил правник – судија, а мајка му професор по книжевност, брат му инжинер по информатика.

„Секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството.

Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: ‚Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука.

Одамна планиравме да отидеме неколку дена на некоја планина, децата поради онлајн наставата се постојано дома, сакав да ги изнесам малку на воздух, затоа и земав годишен одмор од компанијата во која работам. Планиравме да одиме во понеделник, на 11 јануари, сепак после разговорот во неделата вечер испадна дека во хотел ‚Молика‚ на Пелистер ќе одам сам со ќерките и дека роденденот на постарата ќе го славиме без нејзината мајка“, раскажува емотивно Орданоски за Женски магазин.

Во Агнеса, како што се присетува, се вљубил на прв поглед во јуни 2002 година, истиот месец започнале врска, а во април 2003 ја носел на неговото наградно патување за менаџер на годината од „Т-Мобиле“ во Рим, од каде што се вратиле со најубавата вест што човек може да ја добие – Агнеса била бремена со ќерка ни Вивиен.

„Во септември истата година се земавме, во јануари се роди Вивиен. Тој период бев директор во Т-Мобиле, со исклучително добри резултати во работата, за што постојано бев наградуван од странскиот и нашиот менаџмент на компанијата. Во 2010 година станав директор на АЕК, во март во 2012 се роди втората ќерка Тифани, мојот живот ја доби најдобрата содржина што еден маж и татко може да ја има.

Минатиот септември правевме 17 години брак, во декември Агнеса наполни 37 години, големата разлика во години, 15, се обидував да ја менаџирам на начин да и јас се однесував како да имам 37 години, излегувавме и се дружевме со нејзини другари и другарки. Сè до кобната недела, што се случи и зошто, искрено, не знам, мислев дека имам идеален брак, а така мислеа и сите што не познаваа“, објаснува Орданоски.

Тој додаде дека од Агнеса нема спогодбено да се разведе и дека ќе се бори за своите деца.

„Не знам сè уште што ќе научам, знам само дека Агнеса ме у bи без испукан куpшум, ќе се обидам барем децата да не страдаст и да имаат два функционални родители … Но, едностраната одлука на Агнеса и неоставањето простор за разговор, компромис, не ми остава многу надеж за тоа .. Знам дека нема спогодбено да се разведам, ќе се борам за децата до последниот атом сила во мене …“, раскажува Орданоски за Женски магазин.

По сите навреди и клевети од нејзиниот сопруг, Агнеса за Репортер. мк изјави дека е навистина потресена од тоа што ѝ се случува и дека најголема жртва на целата драма се токму нивните деца.

„Многу е лесно да се нападне жена која се грижи за себе, да ѝ се припишат разни афери, да се кажат лаги и невистини. Знам дека после ова многу луѓе ќе ми се ситат, ќе ме исмеваат, ќе велат дека сум заслужила, но и покрај тоа мене ми се најважни чувствата на моите деца и ќе направам сè за да ги заштитам“, ни кажа Агнеса.

Истакна дека сето ова ќе остави белег врз децата и ќе биде траума за нив, особено затоа што нивниот татко јавно ја навредува нивната мајка и додаде дека е лута бидејќи во јавноста почнале да се објавуваат фотографии од нив.

„Навистина сметам дека брачните проблеми треба да се решаваат меѓу сопружниците, дома, а не на Фејсбук и со јавни навреди. Сето тоа го гледаат децата и ова се големи трауми за нив. Но, ако за нешто сум среќна во оваа непријатна ситуација, тоа е што многу жени, дури и жени кои не ги познавам, ми пишаа да ми дадат поддршка и застанаа на моја страна“, додаде Агнеса за „Репортер“.

За порталот „Слободен печат“ Агнеса изјави дека почнала да консумира и лекови за да се смири од целиот шок.

„Не можам да се смирам. Пијам дијазепами. Имаме две малолетни деца и не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук.

Се знае дека брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, зошто тие се во период кога растат, созреваат. Па оваа објава ја читаат и нивните другарчиња, па оправдано стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација –изјави Агнеса во телефонски разговор за „Слободен печат“.

Таа додава дека постојано добива поддршка од пријателите и блиските по скандалозното однесување на нејзиниот сопруг.

„Кога приватноста на едно семејство се става на чинија пред целата јавност, на ваков начин, што да се очекува повеќе? Многумина ќе се ситат, лавини од невкусни коментари, без да се помисли на емоциите на овие деца, жално е сето тоа. Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број на жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот. Добив многу пораки, во кои ја гледам женската солидарност на дело и тоа ми даде утеха во овој лош период. Жената е најлесно да ја нападнеш, да ја омаловажиш во средина во која уште владеат предрасудите, но за среќа помеѓу нас има совесни луѓе на кои им е јасно дека оваа постапка е за секоја осуда“, кажа изреволтираната Агнеса.

Екс директорот на АЕК, Роберт Орданоски преку фејсбук статус побара совет од некој брачен советник затоа што кога се вратил од Пелистер, сфатил дека сопругата, Агнеса Ордановска, освен што му побарала развод, и се преселила кај нејзините.

– Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму.. Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер.. Бара децата да ги однесам таму.. Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам… Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од понеделникот, решив да ги однесам таму.. Што од правен аспект значи оваа циркузијада…? Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација… А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома – напиша тој на „Фејсбук“.

Извор: Женски магазин, Слободен печат, Репортер

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button