TV

Екс градоначалничката станува ДИРЕКТОРКА

Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски

Реклама
Реклама

Поранешната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими, преку социјалната мрежа фејсбук се пофали дека станала директорка на АД Аеродроми, заблагодарувајќи и се на нејзината партија СДСМ што ја кандидирала.

 

Маркетинг

„И благодарам на партијата СДСМ за укажаната доверба да раководам со оваа институција. Ќе работиме и ќе се фокусираме на интегрирање и склопување на системите на оваа институција со фокус на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално!“, напиша Халими на фејсбук.

 

Маркетинг

Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври, на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија.

 

Пред една година Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал. Тогаш медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место.

Имено, таа имала завршено средно медицинско училиште.

 

 

Фотографиите се превземени од фејсбук профилот на Миликије Халими.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button