Екстремна заработка и гоооолеми бакшиши – еве како живеат стјуардесите на ЛУКСУЗНИТЕ јахти за богаташи и славни фаци
Оваа девојка откри како изгледа животот на најбогатите луѓе на светот и колку бакшиш оставаат за недела дена.
Американката Кејт Чазтин има 38 години и работеше како стјуардеса или хостеса на јахти за богаташи откако завршила факултет во 2007 година.
Таа исто така беше и учесничка во ријалитито „ Under Deck “ кое се снимаше од 2014 до 2020 година, а сега живее на Флорида, светската престолнина на луксузните јахти.
„Имате врвен готвач кој ви прави јадење и не мора ништо да платите, од сите оние работи што ви се потребни за хигиена, до храна и пијалаци. Иако се е гламурозно, екипажот спие во тесни простории со кревети на кат.“
„Понекогаш има и романтични врски, ќе се споите со некој просто затоа што сте блиску, но кога ќе се симнете на копното, помислувате дали таа личност воопшто ви се допаѓа или не“, истакна во една пригода Кејт за своето искуство.
И доколку романсата на бродот меѓу екипажот пропадне, обично еден од нив го напушта бродот.
„Не сакате да живеете со поранешниот на толку мал простор“, додава стјуардесата сеќавајќи се на животот со богатите и славните.
Повеќето бродови на кои што има работено имаат многу строги договори за дискреција, па Кејт не смее да открива премногу за своите бројни средби со славните.
„Неколку лета работев на јахта која во Сен Тропе ги организираше најголемите забави со многу познати личности. Ги запознав Ким Кардашијан и Канје Вест уште додека беа на почетокот од врската“, се сеќава Кејт.
На јахтата до нив биле Леонардо Дикаприо, Бијонсе, Џеј зи…
„Дикаприо е многу тивок, прекрасна личност. Кога ѕвездите се на брод, и чуварите се повеќе опуштени“, вели таа.
Заработката на овие јахти може да биде екстремно висока, можат да се заработат и до 300.000 долари месечно. но работното време не е шега, вработените на овие огромни луксузни јахти работат по 16 часа на ден.
И бакшишот е голем, гостите оставаат околу 20 отсто, што потоа се дели на сите членови од екипажот. Неделно се заработува само од бакшиш минимум околу 5000 евра, а некои дури кога нема да ги потрошат сите пари им ги оставаат на екипажот, се присеќава стјуардесата.
А потоа екипажот оди да се забавува и да троши пари.
„Ќе изнајмиме вила на море и прославуваме. Секој покрива некакви трошоци. Сепак, ние всушност речиси никогаш и не плаќаме кирија, живееме на јахта, така што воопшто немаме дополнителни трошоци“, вели таа.
Таа се сеќава дека еднаш некој богат Холанѓанец ги носел со нив низ клубовите, инсистирал и екипажот да оди со него.
„Ако постои некој што најчесто се мурти, тоа е готвачот, Тие се темпераментни, познато е дека се малку откачени“, се шегува Кејт.
Инаку Кејт сега се има откажано од работа на отворено море и сега води посмирен животен стил, пишува The Sun.
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин
Фото: Инстаграм/ Кејт Чазтин