Реклама
Вирално

Експертите предупредуваат – овие нови симптоми што ги предизвикува корнавирусот НИКАКО не смееме да ги занемариме!

Реклама

Нови три симптоми за Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) покрај досега познатите симптоми на инфекцијата со корона вирусот како што се температура, главоболка, гадење, губење на чувството за мирис и вкус предупредува на уште три симптоми по кои може да се препознае инфекција од Ковид-19.

Маркетинг

СЗО наведува дека треба да се тестираат поединци кои имаат краток здив бидејќи е еден од главните симптоми.

Покрај тешкотии во дишењето уште еден од симптомите е болка во градите во вид на притисок.

Маркетинг

Потешкотии во говорот или проблем со координација на движењето на телото се исто така еден од знаците за Ковид-19.

Како што истакнуваат експертите, еден дел од заразените најверојатно ќе развие поблага клиничка слика која нема да има потреба од хоспитализација, но во потешките симптоми се вбројуваат тешкото и отежнатото душење, губењето на здив, болка во градите и проблеми со движењето на телото.

Во случај на било кој од овие симптоми, задолжително треба да се контактира доктор за да се добие соодветна терапија.

Главни симптоми

На почетокот КОВИД-19 е многу сличен со настинка, со кашлање и кивање.

Настинка е ако немате температура – вели докторот Вилијам Хезлтин кој е стручњак за заразни болести.

Почетните симптоми во горните дишни патишта се слични на настинка. Но ако кашлањето почне да се движи низ градите, во подрачјето на долниот респираторен систем, тогаш луѓето треба да бидат загрижени. Тоа е знак дека би можело тоа да е од инфекцијата со вирусот корона.

Кога да се јавите на доктор

„Доколку се чувствувате како да ви е во градите, а потоа и подлабоко во градите, тогаш е поприлично сериозно“, вели докторот и го додава следново:

„Тоа е моментот кога вашето тело почнува да реагира на тоа. Вашето тело претерано реагира на вирусот и создава оштетувања на градите, и тоа е моментот кога ситуацијата е најсериозна. Во моментот кога ќе премине од лесна настинка во воспаление на градите морате веднаш да посетете лекар“ вели Вилијам.

Но како што предупредува тој, луѓето најпрво треба да се јават кај докторот или во болницата, пред да одат на тестирање или лечење. Тоа ги намалува шансите заразеното лице да шири болеста, односно корона вирусот, на други луѓе при транспортот или во ординацијата кај докторот.

Пулмологот Несторовиќ за симптомите

Кога се во прашање симптомите кои се јавуваат по кашлањето и температурата, докторот вели дека епидемијата е чудна, но и дека податоците покажале дека повеќето луѓе ги имаат следните симптоми – температура, кашлица, болка во грлото, солзење на очите.

„Температурата веќе е симптом заради кој морате да се подготвите и изолирате. Околу петтиот или седмиот ден од болеста најчесто се јавува тешко дишење, болки во градниот кош, и тогаш задолжително мора да се јавите на доктор и тоа е моментот кога може да се случи дека се развило воспаление на градите. Тогаш следува лекување“, вели докторот Несторовиќ.

Важно е да се издвојат оние со благи симптоми (кивање и кашлање) од останатите.

„Оние земји што тестираа многу, Кореја, Кина и слично, ги завршија епидемиите добро. Мораме да се бориме да не чекаме пациентите да не доаѓаат во голем број, туку да ги откриеме сами во првите фази од болеста. Сите оние што во моментов се во тешка состојба, сите чекале да му се јават на докторот неколку дена и сите во главно задоцниле, најверојатно во страв од болницата“, вели докторот Несторвиќ и додава дека така многу време е изгубено.

Ризичните групи реално е секој преку 50 години, но и тогаш смртноста е мала, додека смртноста кај оние над 65 се зголемува. Од друга страна децата ретко се заболуваат и речиси да нема смртност меѓу нив, па така во Кина е забележан само еден смртен случај кај децата, и тоа најверојатно во прашање е дете со хронично заболување.

Но ако нема смртност, тоа не значи дека нема да се зарази од коронавирус и дека нема да мора да оди во болница. И секако, тоа значи дека може да го пренесе вирусот и на постарите, предупредува овој познат доктор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button