Реклама
Вирално

Експертите предупредуваат: Вториот бран од коронавирусот ќе биде многу посилен, еве што му дава моќ

Реклама

Иако се уште е голем бројот на новозаразени и на жртви од коронавирусот, сепак многу земји ширум светот почнаа да ги олабавуваат мерките. Но во тој случај останува отворено прашањето за ризикот од втор бран.

Вирологот од Американскиот центар за контрола и превенција на болестите, д-р Ретфилд смета дека тој втор бран е се поизвесен и дека тој би можел да биде и поопасен, зошто може да се случи во зимскиот период, па здружен со сезонски грип ќе има поголема моќ.

Многу експерти се согласни со ова мислење и додаваат дека овој вирус ќе продолжи да се шири и нема да исчезне без вакцина.

Маркетинг

Колку ќе биде моќен и колку смртни случаи ќе предизвика зависи исклучиво од првенција и спроведените заштитни мерки. Социјалното дистанцирање и одржување на хигиената се неопходни и во наредниот период.

– Без тестирање и социјално дистанцирање, попуштањето на мерките ќе го зголеми ризикот за лицата кои немаат доволно силен имунитет кога ќе дојдат во контакт со вирисот. Во есенскиот период, луѓето поминуваат време во затворен простор па се јавува можност за ширење на заразата. Мерките за претпазливост кои самите можеме да ги спроведеме играат клучна улога – вели Ретфилд.

Маркетинг

Според него: „Луѓето не можат да се држат во изолација година дена, без економија, но и психичко влијание, но социјалното дистанцирање секако треба постојано да се спроведува се додека не се стекне колективниот имунитет или не се произведе вакцина. За тоа се потребни уште шест до 12 месеци“.

Од своја страна пак, д-р Пател, експерт во областа на пулмологијата, не е сигурен дека ќе дојде до втор бран, зошто ниту САРС ниту МЕРС не се враќаа, но сепак смета дека мора да бидеме подготвени за најлошо можно сценарио.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button