Експертите редовно предупредуваат дека кромидот не треба да остане во фрижидер, но дали сте се запрашале зошто?
За повеќето намирници, се препорачува складирање во фрижидерот, но ова не важи баш за сите. Краставици, пиперки, ѓумбир, но исто така и белиот лук и кромидот во никој случај не треба да се чуваат во фрижидер, а сега знаеме и зошто ова правило важи конкретно за кромидот.
Ако го оставите кромидот во фрижидер, на таква ниска температура на која што ќе биде изложен, скробот ќе се претвори во шеќер, што ќе доведе до промена на структурата на кромидот, па ќе стане мек и влажен (а ќе ги изгуби и своите главни состојки). За да се задржи свежината, треба да се чува на ладно, темно и суво место, во некоја мрежа за да може слободно да дише, односно воздухот да стига до него. Во оваа состојба можете да го зачувате и до 30 дена. Ако го чувате на собна температура, ќе трае седум дена.
https://www.youtube.com/watch?v=zcKp2NMD8Qc
Како ова не го знаевме порано?
Исто така, погрешна е уште една работа која што повеќето од нас ја прават, а е поврзана со кромидот. Имено, тоа е кога неискористената половина од главицата на кромидот ќе ја оставиме во фрижидерот, бидејќи тогаш штетните бактерии се множат на него, и потоа истите преку консумирање можеме да ги внесеме во нашиот организам.
https://www.youtube.com/watch?v=JlNz0Yb-7QM
Ставиле кромид во чорапот и преспале една ноќ. Резултатот ги изненадил (видео)