Реклама
CelebrityИнтервју

„Една прегратка од децата е доволна за уморот да исчезне“

Реклама

Гламур Интервју со Елена Велевска

Важи за една од најбараните фолк пејачки во нашава земја, но честите турнеи се доказ дека и дијаспората ја обожува. Елена Велевска е сопруга  и мајка на три деца. Вели дека семејството, пријателите и соработниците се нејзината најголема поддршка, а разбирањето од нејзиното семејство се клучот за нејзиниот успех.

Маркетинг

Пред која публика е најдобро да се пее, пред домашната или пак во дијаспората?

Најдобро се пее пред публика која ве сака почитува,публика на која и се допаѓа она кое што го работите,пласирате, без разлика каде е, дали во Македонија или дијаспората. Единствена разлика која ја има што во дијаспората моите концерти се по емотивни,никогаш нема да заборавам кога ја изведував песната “Една е мајка” на концерт во Австралија во сите видов солзи во очите, но така е кога си далеку од дома.
Јас сум среќна што имам своја публика, без разлика на кој дел од земјината топка се наоѓаат.

Која е вашата најголема поддршка?

Семејството,најблиските пријатели и соработниците.
Пред се јас сум мајка на три деца, сопруга, енергијата која децата ми ја даваат, љубовта се мојот еликсир. Разбирањето на семејството е еден од најбитните фактори за успех, мојата професија често бара одсуство од дома, концерт, турнеи надвор од Македонија да ја немав подршката од нив нема да бев овде каде што сум сега. Покрај семејството, пријателите,тука се и соработниците без кои ништо од она кое што ќе го замислам нема да се реализира.

Како се релаксира Елена после напорен ден?

Кога работата ти е задоволство речи си и да не постои напор. Мојата професија ме прави среќна, колку и да сум уморна од патувања една прегратка од децата е доволна за тој умор да изчезне.

На што се должи вашата одлична физичка линија?

Благодарам на комплиментот, се трудам колку што можам да вежбам, да се хранам здраво и да пешачам. Не постои никаква посебна тајна, сем тоа што пијам многу вода, одам на редовни козметички третмани, масажи.

Кое е вашето мислење за естетската хирургија?

Секој има право на свој избор,и доколку некој не се чувствува среќен во сопствената кожа а може тоа да се корегира.зошто да не? Одамна естетската хирургија не е табу тема и не треба да биде, се додека тоа е умерено и не се претерува,злоупотребува.

Сте размислувале ли за некоја друга професија во животот?

Не, никогаш не сум размислувала за друга професија. Музиката, сцената, публиката е она кое што ме исполнува. Не би можела себе си да се замислам во нешто друго а тоа да не е музиката. Секој од нас треба да го прави она во кое што е најдобар, да работи на себе и да се усовршува и само така ќе дојде до резултати на кои ќе биде горд.

Тешко ли е во Македонија да се опстои со пеење?

Доколу правите нешто искрено, чесно, без фолирање публиката ќе го препознае тоа и ќе го прифати. Jас се трудам на мојата публика да и го дадам најдоброто, секогаш различно ,а,добро, без разлика дали е во прашање песна, спот, настап во живо. Не е тешко но бара голема одговорност, пожртвуваност, посветеност.

Што може следно да очекува публиката од Елена?

Песната “Зоро моја румена” и видеото за истата се последното нешто кое што им го подарив на публиката,изминатиот период а, и овој актуелна е промоцијата,со телевизиски гостувања, настапи, концерти. Сакам поголем простор дадам на тој проект зошто го заслужува, а и по реакцијата на публиката, гледаноста на спотот гледам дека им се допаѓа. Јас не мирувам,подготвувам нови проекти, авторски песни, но и нешто кое мојата публика го бара од мене. Не би сакала конкретно за што станува збор, но можам да ветам дека наскоро ќе има нешто ново.

 

Поврзано

Back to top button