Една од ретките фотографии на Благоја Грујовски со НАЈВАЖНАТА ЖЕНА во неговиот живот (фото)
Пејачот блеска покрај неа
Тој е еден од омилените фолк-пејачи на многу Македонци
Еден од нашите најпознати фолк-пејачи Благоја Грујовски се труди колку може да го сокрие својот приватен живот далеку од очите на јавноста, а за неговите најблиски речиси и никогаш да не зборува.
Тој од бракот со Татјана Стојановска има еден син, а веќе доги години е во брак со сопругата Ирена со која ретко се појавува во медиумите.
Но на неговиот Фејсбук профил се уште стои една фотографија од пред неколку месеци на која Благоја е со сопругата.
На фотографијата со нив е и Сузана Гавазова со сопругот Јасмин Курузовиќ, а како познатиот пејач и неговата колешка изгледаат додека се опуштаат со своите партнери, погледнете во продолжение.
Потсетуваме, Благоја во изминатиов период е мошне активен со своите настапи како кај нас, така и во дијаспората.
Тој деновиве со песна го најави својот велигденски настап во Мајнц, Германија, кој ќе се одржи во дворот и пред црквата Свети Никола.
Принтскрин/ Фејсбук
Како што самиот Благоја вели во својата најава, ќе настапи заедно со Балкан бенд и ги кани сите што живеат во оваа земја да дојдат да уживаат во македонската музика и традиционалните македонски ора, и заедно да ги прослават Велигденските празници.
„Црковниот одбор организира монтажен затворен простор на повеќе од 600 квадратни метри каде има капацитет за повеќе од 1200 места за седење, за кои не треба претходна резервација а нема никаква наплата на влезници или конзумација, односно поканети и добредојдени се сите. Забавен парк за најмладите со рингишпил, и други содржини“, пишува во објавата на официјалната страница на Фејсбук на оваа православна македонска црква во германскиот град Мајнц.