Една од омилените турски водителки почина на 32 годишна возраст – трагичната вест ја споделија нејзините родители
Позната водителка го изгуби животот на 32 годишна возраст.
Водителката на телевизиската станица на фудбалскиот клуб Фенербахче, Дилај Кемер, ја изгуби битката на 32 години.
„Нема да те заборавиме ни тебе ни твоето насмеано лице“, порачаа од клубот и изразија сочувство до семејството на младата водителка.
„За жал ја изгубивме единствената ќерка, својот живот“, стои во емотивната објава на семејството Кемер.
Турските медиуми објавија дека младата водителката долго време се борела со канцер. Пред две недели и се влошила состојбата и била хоспитализирана и сместена на одделението за интензивна нега.
Турската водителка е родена 1998 година и има дипломирано политички науки и меѓународни односи.
Таа две години се школуваше за презентерка и се вработи во телевизијата во која што работеше до крајот на својот живот.
Дилај долго време се бореше со тешката болест, но за жал не успеа да ја добие битката.