Реклама
LIFESTYLEВирално

Една од најубавите птици и официјално е исчезната од мапата на светот!

Реклама

Меѓу осумте видови птици кои изумреле во последните неколку години за жал спаѓа и  убавиот син папагала кој можевме да го видиме во познатиот анимиран филм „Рио”.

Сепак, сите приказни за заштита на загрозените видови завршуваат само како приказни, тажни, катастрофални. Човекот сѐ уште е само набљудувач на процесот на уништување. Ова исто така важи и за синиот папагал кој се борел да преживее во анимираниот филм Рио, но во реалноста засекогаш исчезна. Папагалите од видот Спајс Макао биле еден од осумте типови на папагали, половина од нив од Бразил. “BirdLife Internationa” ја додаде и оваа птица на списокот со потврдени или многу веројатни исчезнувања. Како главен фактор за исчезнување се наведува уништувањето на површините покриени со шума.

Маркетинг

Синиот папагал бил откриен во 1819 година, па дури и тогаш се сметал за ретка птица. Само неколку луѓе имаа среќа да ги видат во дивината.

Една нова студија покажува дека за првпат кризата за истребување на видовите се развила на големи континенти, предводени од човечко уништување на живеалиштата. Во моментов, повеќе од 26.000 видови се загрозени, според последната проценка. Во заробеништво има уште 60 до 80 сини папагали.

Маркетинг

Да потсетиме, во цртан филм „Рио” од 2011 година, го следиме шармантниот макао папагал чие име е Блу. Тој патува илјадници милји за да ја пронајде последната женка од својот вид. Тој ја наоѓа, тие се заљубуваат. Но за жал среќен крај обично имаат само филмовите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button