Една од најубавите водителки на Балканот трудна на 40 години – ги воодушеви сите со својот изглед
Еве и во каков стан живее Сања Кужет, водителката што сите ја памтиме по „Ѕвездите на Гранд“
Сања Кужет (40) брои ситно до породување
Кога се дозна дека убавата водителка е бремена, многумина беа изненадени, а таа реши да се повлече и во мир да ја помине бременоста.
На нејзино место во „Ѕвездите на Гранд“ дојде Ана Севиќ, но со своите фанови ја продолжи комуникацијата преку социјалните мрежи.
Па така таа најпрво ги извести сите дека по двата сина што веќе ги има, таа сега со сопругот Немања Живојиновиќ повторно чека машко дете.
Инстаграм/ Сања Кужет
Имено, Сања веќе има два сина, Андрија и Страхиња, кои наскоро ќе си добијат братче, а како изгледа убавата водителка непосредно пред породувањето со големиот стомак во преден план, погледнете од фотографиите во продолжение…
Инстаграм/ Сања Кужет
Нејзиниот пријател објави заеднички фотографии, а покрај блескавиот шарм на бремената водителка, многумина го забележаа и нејзиниот стан и раскошниот ентериер со кој е опкружена.
Инстаграм/ Сања Кужет
Водителката позираше во долг бел фустан и не а тргаше насмевката од лицето, а како изгледаше во ова свое издание, но и како изгледа нејзиното „гнездо“ кое водителката го уредила според сите модерни стандарди, внимавајќи на секој детаљ во домот, погледнете од фотографиите во рамките на овој текст.