Една од најубавите водителки во Македонија позираше во спалната соба во 50 нијанси на розово (фото)
Нашата Ведрана како Барбика....

Познатата водителка ги воодушеви сите
Ведрана Ѓорѓевиќ се облече од глава до пети во својата омилена боја, а коментари на сметка на нејзиниот изглед се уште се редат.
Нашата позната дама Ведрана Ѓорѓевиќ (36) поприлично е активна на Инстаграм каде често споделува најразлични фотографии.
Водителката на овој начин комуницира со своите пријатели и фанови, а покрај фотографиите кои се направени за време на некој нејзин професионален ангажман таа често споделува и моменти од патувањата на егзотични дестинации ширум планетава, луди журки, но и приватни моменти од секојдјевието со својот партнер.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа во февруари оваа година се сврши со познатиот ди-џеј и продуцент, Андрија Антиќ, кој настапува под уметничкото име Ендру Мелер, кога тој на едно романтично патување в Занзибар ја побара за жена.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
И овие емотивни моменти од нејзиниот живот можевме да ги видиме на профилот на Инстаграм на оваа шармантна дама која и сега ги изненади сите, но овој пат со комбинацијата што ја носеше.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Имено, Ведрана позираше во спалната собра пред огледалото облечена од глава до пети во розови парчиња.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа едноставно блескаше во тесниот фустан со кој го истакна своето беспрекорно тело, а преку него носеше розово сако.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
И нејзината шминка, па дури и телефонот беа во розови нијанси, а во коментарите го постави следното прашање.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Погодете која боја ми е омилена, напиша Ведрана.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изгледа, а сите се согласни дека изгледа подобро и од куклите Барби.