Една од најпопуларните улици во светот го доби името по ова растение: Грандиозната вистерија ќе му даде романтичен шмек на вашиот дом!
Вистерија е тип на листопадна винова лоза што влегува семејство на мешунки. Имено, една од најпознатите измислени улици во светот, Вистерија Лејн, беше именувана по ова повеќегодишно растение, каде живееја хероините од серијата „Очајни Домаќинки“.
Улицата Вистерија Лејн беше полна со вистерија, и ако сакате таа да ја краси вашата градина или задниот двор, еве неколку совети за одгледување на ова прекрасно растение, кое е најубаво од април до јуни, бидејќи тогаш нејзините цветни гроздови растат од 15 до 30 сантиметри.
Кога садите вистерија треба да ја посадите на позиција каде што ќе биде заштитена од ветер. Важно е да се обезбеди многу силна потпора на вистеријата и да ја кроите онака како што сакате таа да ползи, вели Мира Босно, архитектонски техничар.
Вистеријата е идеална за покривање на летниковци, метални конструкции или огради и претставува прекрасен украс на фасадите на куќите и гаражите. Но, имајте на ум дека ако не го кроите редовно, може да се претвори во штетник што ќе уништи дури и метални арматури.
Може да се одгледува и од семиња на плодот на мешунката, но тогаш може да поминат повеќе од 10 години пред првото цветање.
Цветовите на вистерија оставаат семе што се сместени во мешунки. Цветните пупки на Вистерија се развиваат во близина на основата на раст од претходната година, така што со кастрење во рана пролет цветот доаѓа до израз. Во средината на летото треба да се исече повторно околу една третина од обраснетиот дел и уште еднаш во есен, повторно за една третина.
Вистерија се крои и се сече рачно со ножици.
Вистерија може да порасне до 20 метри во висина и 10 метри во ширина, а потребни се и 20 години за да се достигне својата целосна големина.