Една од најпознатите пејачки на светот на својот Инстаграм го објави танцувањето на Јелена Карлеуша од Охрид (фото)
Карди Би воодушевена од настапот на Карлеуша во Охрид
Балканската поп-дива Јелена Карлеуша на почетокот од јули го посети Охрид и Охридското Езеро каде го одржа својот прв настап по цела година пауза што ја имаше заради пандемијата со вирусот корона.
Овој настап ги потсети нејзините фанови на минатото лето кога Карлеуша исто така гостуваше во „македонскито Ерусалим“. Имено, таа тогаш објави неколку видеа од она што се случуваше на сцената, а едно од нејзините видеа заврши на профилот на светски познатата реперка Карди Би.
Како изгледаше Карлеуша тогаш, но и ова лето, потсетете се од галеријата во продолжение.
Инаку, Карлеуша и минатото лето и ова во Македонија пристигна со приватен авион, а вниманието го привлече и со своите модни комбинации. Таа годинава кога пристигна на аеродромот позираше во фустан од Версаче кој го носеше во комбинација со мини чанта од истиот бренд.
Што се однесува пак до минатото лето, познатата поп дива тогаш на аеродромот се појави во тесни панталони, високи потпетици од Ив Сен Лоран и големи ретро очила за сонце. Нејзината коса беше врзана со марама, а во рацете носеше голема чанта – и двете со потписот на престижната модна куќа Луј Витон.
Како изгледаше Карлеуша тогаш, но и неколку фотографии од американската реперка погледнете во галеријата…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Карди Би
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша